ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Паштета од македонски мозок

October 24, 2021 08:51
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Какви реакции.

И креации.

Анализи.

Памфлети.

Прекрасности.

И куротресности.

Сите знаат кај згрешил Заев.

Колку згрешил.

Не го слушал народот.

Бил арогантен.

Брз на зборот- бавен во мислата.

Сељачана.

Црпко.

Всушност, сите ја градат кулата на својата невиност за развојот на ситуацијата.

Тоа не се анализи на Заев.

Лакан, Фројд и Јунг, во едно постизборно лекарско мантилче.

И општеството кое себе си се има легнато на сопствениот психоаналитички кауч и се анализира себе си.

Зошто умира.

Првиот круг од локалните избори го симна катинарот на националниот кокошарник. Луѓето посакаа да излезат од државата и од себе и да се пожалат.

Колку им било говнесто во изметот што го серат секоја секунда.

И тесно.

Внатре.

Убаво некое јато.

Кокошки и петли.

И по некој говногаќест голуб.

Неверојатно ниво на одвратност.

И бесчестие.

Што не може да го поднесе ниту мојот стомак вооружен со сто литри пиво.

Да го казнат Заев.

Така што ќе си ја отсечат главата.

При што главата е фигура во втор или трет план.

Или воопшто ја нема на хоризонтот и во свеста.

Или е празна.

Само има рака која завршува со крвав бајонет.

Во прв план е казната и „основанието“ на казната.

Основание кое произлегува од претставата за политиките, а не од политиките.

Тоа е.

Втората државотворна и национална ренесанса на Македонија беше претставена како смрт.

Има ли нешто потрагично од тоа да се умира во масакрираната убавина на доброста и перспективноста.

Кои паѓаат под товарот на растурените контејнери и пресечените дрва.

На Милчин и Кикифрики.

Нека да ги запаметиме тие фигури.

И Софија и Ана и Биљана и Сузана…

Тоа е одлука на еден хистеризиран народ.

Темелно хистеризиран.

Без деловна способност да се грижи за себе и да носи рационални  одлуки.

Во нивоа незабележани во политичката историја на светот.

Без паралели во изминативе 6.000 години.

Хахаха!

Ова е баш за хахаха.

Во систематска и тотална, без остаток, кампања, цели пет години.

Против себе.

Без џамче за друг поглед.

На Заев, да речеме.

Или на власта.

На Европа.

И на Америка.

Или на иранскиот ајатолах и рускиот патријарх.

На Бритни Спирс.

Во кампања на вистинска и реална специјална војна со учество на Гардиската бригада на домашните глупаци.

Вморони обични и вморони спешл едишн бранкоу.

Во однос на свеста, нацијата е како Алек Болдвин: се обидува да ја убие Македонија како што големиот актер во трагична несреќа го стори тоа со снимателката и со режисерот на последниот филм. Таа не знае дека куршумите во пиштолот со кој стрела се вистински. И дека револверот не е вперен во Заев туку во нејзината слепоочница.  Дека тоа е самоубиство, дека тоа е крај, дека тука нема повторување на сцената.

Оној момент кога некој на луѓето им  беше рекол дека модернистичката политика на Заев е жица и кабина што ги пика во кокошарник, тие, сите, без разлика дали се сто или петстотини илјади луѓе, отидоа во групата која заслужува мановски одговор: не, марш!

Заев им го враќал Груевски.

А што треба да ви врати човекот на кого по сета документирана катастрофа му дадовте помалку мандати отколку на своите убијци?

И пред пет и пред една-две години.

Човекот што пет години го уривате?

И го затрупувавте со хималаите на своите пучистички лајна за кои во вмро побаравте потврда дека не се говна туку одговорна критика.

Глорија Свансон?

Ако Заев треба да падне затоа што е полош или е ист со кататсрофата што ја турна, каква смисла имаат изборите и каква смисла има Македонија. Каква смисла имате вие. Пичка ви лепа материна. Зошто воопшто се бута Заев со едно такво образложение. Кога Македонија би ги убивала своите врхушки за дела за кои го обвинувате Заев, денеска не би имале избори.

Не би постоеле.

Што не значи дека јас сум на ставот дека е незаменлив.

Напротив.

Јас се залагам за ситуации кои неговата смена, како и смената на секој, ќе ја направат нормална работа на одговорноста во едно демократско општество.

Но, ова не е тоа.

Ова не е партиска битка.

Ниту пак Македонија е фикс.

Како што мисли возбуденото граѓанство.

Македонците се однесени на лажно ниво.

Државните работи се поделикатна работа од пропагандата.

Особено од тврдата оглупавувачка и кретенизирачка, самоуништувачка пропаганда.

Тие кои работеа на тоа, свесно или несвесно, чесно или корумпирано, злото да се врати, јадат гомна со неверојатен апетит, без срам и перде.

Без лигарчиња.

Тие го вратија злото пред изборите.

Заев им беше медиум.

Не причина.

Тие ја пренесоа лексиката од шарената револуција против Груевски во битката против Заев. И вмро-дпмне и сите медиуми.

Сите.

Тие гнезда претворени во радиоактивни централи на злото.

Хахаха.

Џим Џонси во македонската Гвајана.

Во очекување на кометата во чија опашка ќе се качиме откако ќе умреме.

Дострелите на македонската политика во последните пет години, во апсолутна смисла, а особено во релативна смисла, демек со оглед на ресурсите и констелациите и околностите и особено со оглед на медиумскиот терор, се фасцинантни.

Тоа беше и е незабележан подвиг на нацијата која во тие светски дострели виде јаже на кое ќе се обеси.

И треба да се обеси.

Ова ниво на живот и отворените општи и лични перспективи, се фасцинантни.

И се уриваат, имено, затоа што се такви.

Размислете околу тоа.

Идеите дека Македонците се губат пред налетот на Албанците се исти со тврдењата дека на импотентниот му смета светлото во хотелот. Тоа е драматично  отсуството на свест дека опстојот на Македонија денеска е повеќе прашање за Албанците отколку за Македонците, треба ли да ги замолиме во ману да организираат научна конференција на таа тема, а идејата дека вмро ќе ги спаси Македонците од бугарските претензии е иста како и надежта дека во затвор нема да ви го пробијат шупакот.

Вмро е Бугарија.

Тоа е јасно.

Вратени сме во статусот на флотантната маса.

Сто години.

И повеќе.

Пластелини.

Казната соодветствува на вината: да ти се открадне целокупната желба за живот. Да бидеш доведен до највисок степен на презаситеност од животот.

Киркегор.

Вие мислите дека јас сум загрижен што сдсм ќе падне од власт.

Ме боли курот, бре, но вие сакате на власт да ја донесете најдолната простотија, примитивност, глупантропство, кретенизам, што во меѓувреме сте го произвеле и мобилизирале, неверојатно, бре, утре ќе ви ја отворат главата и ќе ви посадат босилок во мозокот, од Зелениково, до у пичке материне, чукнете ја тоа главата, сеедно дали сте молер или директор, вмровец или сдсмовец, сите ќе наебете.

Всушност фалусот на животот веќе е во вас.

Вие само сакате да ве сметаат за невини.

И покрај сѐ.

Најголемата драма, не од ова гласање, туку од тоталната кампања во последните пет години, е разглобувањето и уништувањето на општеството.

Не се општеството градеше преку критиките кон Заев, туку се самоуништуваше.

Намерно.

Свесно и систематски.

Го уривавте тронот на тие што сакавте да ги донесете на власт.

Се уривавте себе си.

Хахаха.

Не треба Заев да ги слушне пораките на граѓаните.

Башка што оглупавеното граѓанство тоа го смета не за доблест туку за слабост и за потврда на својот однос кој со такво образложение ќе може да  продолжи и да се надоградува, тоа е убаво алиби за самоубиството повеќе отколку за застрелувањето на премиерот.

Туку граѓаните треба да ги чујат вистинските пораки од неговите политики.

Вистинските.

А тие се единствени.

Не се идеални, се разбира, но се единствени и се фасцинантни, особено во конкретните услови.

Дека перспективите се прашање на долготрајна и мачна работа, а не на волшебните решенија на која било глава.

Особено не на шупливата.

Уште помалку на злосторничката.

И дека е тоа работа на сите.

Утешителната теза дека локалните избори и не се толку важни, дека Скопје не е Сталинград, се исто така алибични.

Тие се крик на усраниот кој на себе си си кажува дека не е зашлакан во говна туку дека е облечен во добри намери и критичка свест.

Како може ова тврдење на Тричковски да се провери?

Па, така што ќе одбиете да се самоубиете.

Ќе си го вратите горниот дел од черепот.

Или ќе оставите да ви го намачкаат пулсирачкиот мозок на кришки лепче.

Како паштета.

Лигњите на вмро.

И црвената лигња.

Ако не сакате да ме послушате – тогаш ништо.

Погребот ќе биде на сметка на тие што ги боли курот.

Отворени сандаци, лепота погледа и бели црви што те гушкаат од сите страни.

 

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025

СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов – ајде Мицкоски нека каже колку е дебела неговата врска со Нацев од Рубикон

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk