– ВМРО го поддржа Максо. Да, Тони Михајловски и Александар Николовски објавија сојуз со Максо. А тој пак, великодушно се заблагодари за поддршката на режимското ВМРО, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во неговото обраѓање пред скопјани на големиот собир во салата Бортис Трајковски.
„Ништо ние не сме згрешиле во Куманово, туку напротив, сме го намирисале режимот и затоа Максо не е кандидат на СДСМ, туку е кандидат на режимското ВМРО.“, нагласи Заев.
Тој потенцира дека сега нема почиста ситуација. Треба само да се излезе и гласа.