Денеска му ја предадов функцијата на новиот градоначалник на #ГазиБаба, Бобан Стефковски.
Во оваа прилика би сакал само да потсетам дека пред четири години општината ја наследив со повеќе од 2 милиони евра долг, без проекти и можност за блокирање на сметката. За разлика оттогаш, денеска општината ја оставам со повеќе од 3.250.000 евра приходи на сметката и без долгови, напиша доскорашниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски.
– изградбата на новата сала за ООУ ,,Кирил и Методиј”
– изградбата на велосипедската патека од Мецедес до Јурумлери
– изградба и реконструкција на повеќе од десетина улици
– изградба на сервисната инфраструктура за Скопје Ист Гејт
– довршување на вакуум канализација во Јурумлери
– доизградба на фекална канализација во Гоце Делчев, Смилковци, Трубарево, Црешево и Попово Маало
– изградба на новата административна зграда за општина Гази Баба
– доизградба и комплетно завршување на комунална и сообраќајна инфраструктура за населбата Хиподром 2
– започнување со проектот за СМАРТ осветлување и реконструкција на целиот систем за улично осветлување
–продолжување на проектот за покривање на каналот и изградба на плоштад во Синѓелиќ
– изградба на отворен канал за атмосферски води на улица 6 Антон Велковски во Стајковци
– дополнително и проектите за 4 нови градинки во Синѓелиќ, Трубарево, Иниково и Ќерамидница.
– проектот за новата училишна зграда на ООУ ,,Крсте Мисирков”.
– проектот за реконструкција на Домот за култура 11-ти Октомври во Ченто
Ова се само дел од реализираните, како и новозапочнатите проекти за граѓаните на Гази Баба кои сум убеден дека новиот градоначалник е потребно брзо и успешно да ги заврши бидејќи сите до еден се за доброто на нашите сограѓани.
На крајот, дозволете ми уште еднаш да ви се заблагодарам на сите за укажаната чест во изминатите 4 години да бидам градоначалник на Гази Баба.
Би сакал на Бобан да му честитам за добиената доверба да ја води општина Гази Баба во следниот мандат.
Како што многупати имам разговарано со секој од вас, дозволете ми и овде повторно да кажам дека со мене знаете на што сте. Јас останувам и понатаму посветен на Општина Гази Баба бидејќи мене не ми е потребна функција за да продолжам со реализација на визијата за модерна и успешна Гази Баба!, пишува во објавата на Георгиевски.