ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Обезбедувањето на Мицкоски се заканува, ВМРО -ДПМНЕ молчи, физички нападнат Салиевски

October 25, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Мицкоски од говорница „Создади нова иднина“, телохранителите со закани кон граѓаните, Вевчани, 24 октомври 2021 (фото: од ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ)

Мицкоски од говорница „Создади нова иднина“, телохранителите со закани кон граѓаните, Вевчани, 24 октомври 2021 (фото: од ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ)

Share on FacebookShare on Twitter

Какво време дојде, само Апасиев пискаво ветува сечење раце и глави. Победата е наша, а поразот само нивен! Северна Македонија проактивна во превенција на корупцијата. Самет Салиевски, советник од ромската заедница, физички нападнат од тимот на Димитриевски.

ФРОНТ, РЕНДГЕН

Победата е наша, а поразот само нивен! Какво време дојде, само Апасиев пискаво ветува сечење раце и глави. На комитските теревенки орелскиот „маникир“ на Љубиша Георгиевски веќе не се ни памти, а се пеат само етнички „коректни“ нумери, како да си на некаква другарска вечер на медицински сестри во Врњачка Бања. Ни на Гоце „Вегета“ не му текна да посоли „Зачинал“, а ќе го враќаше во употреба знамето од Вергина!, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Живееме во златната доба на зависта. Преплавени сме со содржини на социјалните медиуми на коишто во просек, младите од 20-35 години трошат околу 10 часа неделно. Многупати е докажано дека социјалните медиуми предизвикуваат анксиозност, депресија, демотивација, итн. – пишува Билјана Арсовска во најновата колумна насловена Религијата на просечните.

Ердоган си пука во нога.

Marian Kamensky

ПОЛИТИКА (НАДВОРЕШНА)

„Ќе видиш кога ќе дојдеме на власт!“ – обезбедувањето на Мицкоски со закани кон граѓанин за време на митингот „Создади нова иднина“ во Вевчани.

ВМРО-ДПМНЕ молчи за насилничкиот однос во Вевчани, граѓаните известуваат без страв. Како што објавивме вчера, обезбедувањето на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му се заканувало на Танче Шекуткоски, го легитимирало и ја фотографирало неговата лична исправа, за време на митингот во Вевчани под мотото „Создади нова иднина“, што партијата го одржа вчера, 24 октомври. Шекуткоски за Фронтлајн изјави дека бил присутен на собирот во Вевчани каде што Мицкоски држел говор. Додека траел говорот граѓанинот извикал УА, а член на обезбедувањето му рекол „Ќе видиш кога ќе дојдеме на власт“.

Ивановска: ДКСК во извештајот на ЕК е нотиранаа како проактивна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети. Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ова е директна потврда за оправданоста на активностите преземени во претходниот период и ажурноста на Комисијата во овој состав, која преку својата работа и залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи.

ЕК: Стапка од 96 % усогласеност на Северна Македонија со надворешната политика на ЕУ. Северна Македонија, стои во Извештајот, одржува билатерален договор за имунитет со Соединетите Држави, со кој на американските граѓани им се даваат исклучоци од јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд. Притоа, земјата не ги почитува заедничките ставови на ЕУ за интегритетот на Римскиот статут или соодветните водечки принципи на ЕУ за билатерални договори за имунитет.

Северна Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација, пишува во Извештајот на ЕК. Северна Македонија, се посочува, продолжи да ја зголемува својата усогласеност со позициите и декларациите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно учествува во мисиите и операциите на Унијата за управување со кризи во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

МИА

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Заев: Сетете се дали некој во последниве четири години бил репресиран, нема таков, нема и да има. Дали знаете за некој новинар, бизнисмен, сопственик на медиум или било кој друг, да биде неправедно и спектакуларно апсен, да бил понижуван јавно, влечен со лисици или да им влегувала полицијата на луѓето по домовите во глуво доба, додека децата им спијат?- изјави Заев во Кочани.

Самет Салиевски, советник од ромската заедница, физички нападнат од тимот на Димитриевски. Салиевски истакна дека ќе поднесе кривична пријава против напаѓачот и кривична пријава за клевета за Николај Павловски, портпарол на Димитриевски.

Управниот суд ја прифати жалбата на Алијанса за Албанците и Алтернатива за резултатите од гласањето по листите за кандидатите за градоначалник и советници на Општина Дебар, за избирачко место број 0543, и таму ќе се изврши прегласување.

Шилегов: Двата нови булевари во Бутел се доказ дека оваа општина се развиваше најбрзо во изминатите 4 години. Излезете на изборите и изберете силно Скопје, Скопје кое се гради, кое расте, Скопје кое го продолжува својот пат меѓу најразвиените градови во Европа. Да се обединиме затоа што развојот на Скопје и Бутел не смее да запре“, нагласи Шилегов во своето обраќање пред жителите на Бутел.

СДСМ: Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа до пред четири години беше 9.000 денари. Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра согласно економските движења и растот на економијата.

Шилегов: Со секојдневниот бесплатен превоз за пензионерите, ги враќаме и помладите патници заради намалените гужви.

Герасимовски: Финансиска поддршка за младинските идеи и грантови за отворање мали бизниси. За нас особено се важни овие стипендии затоа што независно од материјалната состојба создаваат еднаква шанса за развој на сопствениот целосен потенцијал кај младите, смета Герасимовски.

И. Т. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има!

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk