ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

ВМРО-ДПМНЕ молчи за насилничкиот однос во Вевчани, граѓаните известуваат без страв

October 25, 2021 11:39
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Мицкоски од говорница „Создади нова иднина“, телохранителите со закани кон граѓаните, Вевчани, 24 октомври 2021 (фото: од ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ)

Мицкоски од говорница „Создади нова иднина“, телохранителите со закани кон граѓаните, Вевчани, 24 октомври 2021 (фото: од ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ)

Share on FacebookShare on Twitter

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ молчат за заканите на член од обезбедувањето на Мицкоски упатени кон граѓани за време на вчерашниот митинг во Вевчани.

Откако редакцијата на Фронтлајн стапи во контакт со лицето кон кого биле упатени заканите и тој го опиша инцидентот, веднаш побаравме објаснување од ВМРО-ДПМНЕ на мејл адресата што е на нивната веб страница, под која стои дека одговараат веднаш, но до овој момент (12 часа од упатеното барање) не добивме никаков одговор.

Како што објавивме вчера, обезбедувањето на шефот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му се заканувало на Танче Шекуткоски, го легитимирало и ја фотографирало неговата лична исправа, за време на митингот во Вевчани под мотото „Создади нова иднина“, што партијата го одржа вчера, 24 октомври.

Шекуткоски за Фронтлајн изјави дека бил присутен на собирот во Вевчани каде што Мицкоски држел говор. Додека траел говорот граѓанинот извикал:

„Уа!“.

Веднаш, еден припадник на обезбедувањето на Мицкоски му пришол и го прашал зошто го направил тоа, на што нашиот соговорник му одговорил дека не се согласува со кажаното и има право да го искаже своето негодување.

Тогаш, телохранителот на Мицкоски му побарал да се легитимира. Шекуткоски ја дал личната карта без негодување, но бил изненаден кога видел дека телохранителот на Мицкоски ја фотографирал неговата лична исправа пред да му ја врати.

Телохранителот на Мицкоски му се заканил на граѓанинот со зборовите:

„Ќе видиш кога ќе дојдеме на власт!“

Граѓанинот тогаш го прашал како се вика телохранителот кој му се заканувал и му ја фотографирал личната исправа, на што тој се претставил како Димитар Димовски.

Кога Фронтлајн разговараше со Шекуткоски, тој го пријавуваше случајот во полициска станица.

И сопственикот на локалот „Госип“, Младен Даскалоски од Вевчани, кој бил очевидец, реагираше на својот Фејсбук профил за настанатиот инцидент.

„Некаде оклу 20:30 часот на терасата во објектот „Госип“, во кој сум сопственик и вработен, во моментот на дешавката келнер, при партиски собир, лице претставено како полицаец со име и презиме

Димитар Димовски, без никакво образложение и без притоа да покаже службена легитимација, почна да бара лични документи и да се заканува на наши гости од непознати причини. На тоа, ЈАС лично реагирав со прашање, „кој е господинот и со кое право истиот легитимира наши гости?“ но, на истото прашање не добив никаков одговор, освен арогантно понашање!

Познавајќи ме мене, како и нашиот објект сите знаете дека без разлика на партиска, верска и било каква припадност, безпрекорно сте дочекани и послужени сите кои сте сакале да не посетите!

На крај, од мое лично име порачувам следно:

НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НИКОЈ И НИКОГАШ!

Наша силна страна е правдата, чесноста и слободата!!!

Секој е добредојден, освен тие што на „нивните” им викаат „ШТО БАРАТЕ ТАМУ“ тие не се наши…

Некој ако сака да создади нова иднина на ваков начин, гадно се залажал.“, напиша во објата Даскалоски.

Очигледно целокупната атмосфера во државата е сменета и луѓето без страв слободно известуваат за немили настани и закани што ги добиваат од политичките чинители.

Д. Е.

 

 

 

Next Post
Мицкоски од говорница „Создади нова иднина“, телохранителите со закани кон граѓаните, Вевчани, 24 октомври 2021 (фото: од ФБ страницата на ВМРО-ДПМНЕ)

Пладневен преглед: Обезбедувањето на Мицкоски се заканува, ВМРО -ДПМНЕ молчи, физички нападнат Салиевски

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk