Game-change е наш континуитет на респонзивноста кон граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев…Продолжуваме да работиме на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото. Продолжуваат предизборните скандали на Арсовска а пак кандидати за советници од ВМРО-ДПМНЕ молат за гласови. МВР со демант за случајот со групата на Вибер. Самет Салиевски, советник од ромската заедница, физички нападнат од тимот на Димитриевски.
ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ
Game-change е наш континуитет на респонзивноста кон граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој кажа дека било забележано незадоволството поради неефикасноста на адресирањето на проблемите на граѓаните.
Владата продолжува цврсто и одлучно да работи на создавање на највисоки стандарди за владеење на правото и за работа на независниот правосуден систем, објави на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Европскиот ден на правдата, додавајќи дека тоа е нашиот избор за храбри чекори на европскиот пат, кој носи европски стандарди и подобар живот.
Треба да знаат граѓаните дека цената на струјата до крајот на годината останува иста и ако се менува во 2022 ние сме спремни директно со ваучери да помогнеме, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за Сител телевизија. Тој додаде дека цената на струјата ја гарантира државата преку производствените капацитети на ЕСМ, па дури и да има 48,52 евра по мегават, таа ќе биде испорачува за 36 евра и така ја држиме стабилна цената на струјата.
Четири нови пензионерски домови најави Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од општина Центар од СДСМ и Коалицијата. Се проширува и услугата Центар се грижи за возрасните кои ги опфаќа лицата над 60 години и се зголемува помошта за лицата со најниски пензии.
Во јавноста не е изнесен ниту еден доказа за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”, ниту дека Министерството за внатрешни работи на кој било начин е дел од таква операција. МВР нема креирано група на Вибер, демантираат од Министерството и додаваат оти ВМРО-ДПМНЕ шири невистини.
Не сум приврзаник за предвремени парламентарни избори, бидејќи имаме неповторлива шанса две и половина години за развој, кога дома немаме етнички отворени прашања, а немаме спорови со соседите, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој изрази увереност дека со новата влада во Бугарија ќе се усвои протокол, по што следниов период ќе мора да се валоризира сето она за што како држава било работено, за зголемување на плати и пензии, за раст и развој.
Земјава во август годинава вкупно потрошила 586.691 мегават часови електрична енергија, 36,924 милиони нормални кубни метри природен гас, 413.040 тони јаглен и 112.231 тон нафтени продукти.
Испраќам порака за мобилизација, бидејќи се борев против режим, се борев на дипломатските маси, носев храбри одлуки и потребна е поддршка од граѓаните, нагласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во гостувањето на Сител телевизија. Тој изрази надеж и дека до крајот на годината ќе се одржи и првата меѓувладина конференција, па оттаму не треба да има општини кои шират национализам.
Скопје до 2024 без метеж во сообраќајот и урбанизација надвор од централното јадро, истакна Шилегов. Скопје до 2024 година добива брз, еколошки и целосно нов јавен транспорт. БРТ системот е решение кое е одобрено и веќе исфинансирано од ЕБРД, решение кое е прогласено за најеколошкиот начин и најефикасниот систем за превоз на патници од страна на Европската банка за развој, додаде тој.
АХА
Откако премиерот Заев најави дека минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, изворите на АХА од белата палата на вмровците, јавуваат за голем метеж и несогласувања помеѓу кандидатката за градоначалник Данела Арсовска и од еуфорија зафатениот Мицкоски…
СКАНДАЛИ
На Твитер се појави информација дека кандидатка за советничка во Карпош од ВМРО-ДПМНЕ се јавува на граѓани и бара да гласаат за Стевчо Јакимовски и Данела Арсовска. Според објавта на LoLa @LolaOdTreti, кандидатката Елена Домика и се јавила на телефон ( или барем се претставила дека е таа) и барала во недела, во вториот изборен круг да гласа за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ или кандидатите кои ги поддржува оваа партија.
На денешната прес-конференција, Градската организација на СДСМ обелодени докази дека претседателката на ССК Данела Арсовска и овозможила на нејзината мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК, и да зема по 10.000 денари од седница, изјавија од СДСМ на денешната прес-конференција.
ФРОНТ, РЕНДГЕН
Победата е наша, а поразот само нивен! Какво време дојде, само Апасиев пискаво ветува сечење раце и глави. На комитските теревенки орелскиот „маникир“ на Љубиша Георгиевски веќе не се ни памти, а се пеат само етнички „коректни“ нумери, како да си на некаква другарска вечер на медицински сестри во Врњачка Бања. Ни на Гоце „Вегета“ не му текна да посоли „Зачинал“, а ќе го враќаше во употреба знамето од Вергина!, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.
Живееме во златната доба на зависта. Преплавени сме со содржини на социјалните медиуми на коишто во просек, младите од 20-35 години трошат околу 10 часа неделно. Многупати е докажано дека социјалните медиуми предизвикуваат анксиозност, депресија, демотивација, итн. – пишува Билјана Арсовска во најновата колумна насловена Религијата на просечните.
Ердоган си пука во нога.