РИБАРО
Откако премиерот Заев најави дека минималната плата од јануари ќе изнесува 18.000 денари, изворите на АХА од белата палата на вмровците, јавуваат за голем метеж и несогласувања помеѓу кандидатката за градоначалник Данела Арсовска и од еуфорија зафатениот Мицкоски.
Имено, кога Арсовска разбрала за зголемувањето на минималецот, одма запнала да закаже прес за да објави дека таа е апсолутно против тоа. Мицкоски од друга страна и рекол дека се согласува комплетно со нејзиниот став, но дека сега не е моментот за да се објави еден таков став оти ќе се револтира народот, и да се воздржи барем до недела.
Данела: Ма дали ти знаеш што значи зголемување на минималецот за газдите што ме доведоа овде каде што сум?! Има да ме направат партал ако го премолчам ова?! Се сеќаваш дека бев против секое зголемување на минималната плата, па дури и кога беше скапани 9.000 денари?!
Мицко: Те молам воздржи се една недела, извини им се на газдите од мое име. Кажи им дека и јас се согласувам, но дека сега не смееме да ја прокоцкаме шансата со народов, таман го збрлавивме.
Данела: Баш мене ме брига за народот. А за кој народ ми зборуваш ти, уствари? За овој што поверува на фино спакуванава лажга за бесплатен јавен превоз, за овој што за 4 години заборави како го газевме цели 11, или за оној што и покрај бомбите од Заев, тогаш пак во мнозинство гласаше за нас?
Мицко: Те молам Данела, знаеш дека и мене баш ми е гајле за народот. Да почекаме една недела, па после ќе им удоволиме на газдиве, ич да не се сомневаш во тоа.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK