ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Религијата на просечните

October 25, 2021 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Билјана Арсовска

Билјана Арсовска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЛЈАНА АРСОВСКА

Повторував забавиште три години по ред. Претпоставувам ова е делот каде што надополнувам дека причината за ова не е тоа што бев непослушна или недоволно добро цртав и боев на часот по ликовна уметност (второво и не е така далеку од вистината). Причината заради којашто повторував забавиште е тоа што учителка ми беше мојата баба. Затоа, наместо да одам во градинка, таа ме носеше со нејзе на училиште.

Моите први запознавања со зборовите завист и љубомора датираат од моето тригодишно посетување на забавиште. Од најмала возраст сум воспитувана да не ја злоупотребувам својата позиција, ниту да се перчам со нешто што јас го имам, а други не. Исто така, растејќи со сестра и многу братучеди ме научи да споделувам и да не бидам себична. Бев на училиште, некаде на пола пат од моето продолжено посетување на забавиште, кога за време на одморот, едно налутено девојче ми рече дека јас сум миленичка на баба ми и дека ме мрази од дното на душата.

Рака на срце, баба ко баба, ме сака бесконечно ама дури бевме на училиште јас бев само едно девојче од групата што во никој случај не добиваше посебен третман. Не седев во прва клупа. Ако направев беља, и јас стоев во ќош 10 минути! Многу ме болеа овие зборови. Не знаев зошто тоа девојче ми кажа дека ме мрази, ама отидов дома со солзи во очите. Подоцна тој ден ми беше дефинирано што е тоа завист и љубомора.

Просто кажано, зависта е универзално чувство што се појавува кога индивидуалецот има потреба од нешто коешто го поседува некој друг. Не е фрапантен податокот дека зависта и љубомората датираат од кога примитивните хомо сапиенс дознале дека можат да јадат банана стоечки, она што мене – секојпат одново – ме вчудовидува, е фактот дека зависта и љубомората, кои одат рака под рака, како некој вид малигно заболување, сè повеќе и со поголема зафатеност ги трујат луѓето.

Живееме во златната доба на зависта. Преплавени сме со содржини на социјалните медиуми на коишто во просек, младите од 20-35 години трошат околу 10 часа неделно. Многупати е докажано дека социјалните медиуми предизвикуваат анксиозност, депресија, демотивација, итн. Во време кога секој може да си го репрезентира својот живот како совршена бајка која непрекинливо се одвива во ‘си живееја среќно до крајот на животот’ делот, свесност за своите емоции и влијанието на туѓите објави врз нас се единствениот правилен начин да се победи малигната завист.

Секој свесен човек има тенденција да се споредува со другите. Тоа ни помага да процениме до која мера ги имаме напреднато нашите способности за преживување во општествената хиерархија. Исто како што чувствуваме глад, тага или страв, зависта е нормална човечка емоција којашто нè алармира за нашата моментална состојба. Проблемот настанува во оној момент кога – како резултат од прекумерно и неправилно консумирање на содржини на социјалните мрежи – постојано се споредуваме со другите, притоа чувствувајќи се недоволно и инфериорно. Зависта неслучајно се нашла помеѓу седумте смртни гревови. Сепак, добрите вести се дека и оваа, како и повеќето други емоции, е скротлива.

Да се победи зависта предизвикана од виртуелниот свет значи да се запознаеме себеси подлабоко. Подразбира соочување со своите мисли, желби, недостатоци и аспирации. Зависта и љубомората се како едно мало ѓаволче кое го носиме на рамото. Кога ќе се помириме дека секогаш ќе има некој којшто има повеќе, изгледа подобро, е поуспешен, итн., тогаш ќе му дадеме до знаење на тоа мало ѓаволче дека иако е дел од нас, ние сме тие кои го контролираат неговото влијание.

Следен пат кога нешто што сте виделе на социјалните медиуми ќе ви причини непријатно чувство, запрашајте се која е причината и дали можеби е подобро доколку ги редуцирате таквите содржини. Со филтрирање на објавите односно луѓето кои ги следите на социјалните медиуми, ги намалувате шансите за малото ѓаволче да ви го расипе расположението. Исто како што во животот луѓето со коишто сме опкружени влијаат врз тоа како ќе се развиваме и однесуваме, така и во виртуелниот свет. Чистка на социјалните мрежи ќе резултира со тоа што нашата почетна страна ќе биде преплавена со позитивни и корисни објави, наместо со фотошопирани репрезентации на навидум совршен изглед односно живот.

Зависта е религија на просечните. Да се одвоиме од таа состојба со интроспекција и паметни постапки. Зошто се почувствував непријатно кога ја видов онаа слика на којашто девојката изгледаше небаре совршено и носеше баш такви чизми ко што сакам?! Зошто со грутка во грло ја процесирав објавата дека поранешниот колега доживеал успех во својата кариера?

Секогаш ќе има некој кој е побогат, некој со поубава насмевка, некој којшто носи поубава облека, има повеќе дипломи, посетува поубави места, вози подобра кола… Ама, тоа што е навистина важно е следново: Никој не е ти. Никој не е јас. И во тоа е убавината. Има подобро. Има и многу полошо. Мојата почетна страна е преплавена со она што преферирам да го гледам и во вистинскиот живот; убави дестинации, храна, кучиња, моите луѓе, позитивни афирмации… мојата почетна страна вреска: Животот е убав! Затоа што така јас сум одлучила.

Кога и да се затекнам како завидувам на некој, се потсетувам дека доколку нешто навистина посакувам, ако нешто навистина треба да биде мое, треба да си ги засукам ракавите и да го остварам тоа. Малото ѓаволче е разочарано, ама знае дека не сум просечна. Знае и дека мојата религија не е зависта, мојата религија е неуморното итање кон среќата.

 

Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk