ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Силеџиство и говор на омраза упатени кон Мирко Попов, Сефер Селими и визуелниот уметник Зоран Кардула

October 25, 2021 20:28
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не стивнува говорот на омраза од членовите и поддржувачите на кандидатот на СДСМ и
актуелен градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
Овој пат на мета на црната кампања се најдоа ди-џејот Мирко Попов, политичкиот аналитичар
Сефер Селими и уметникот Зоран Кардула. Социјалните мрежи вријат од негативни коментари
по нивната јавно изразена поддршка за СДСМ и нивните кандидати.
Па така, на твитер и на Фејсбук може да се сретне сè, од разни лични навреди и осудувања за
Попов, до јавни повици за линч и за физичко насилство. Меѓу коментирачите на настапот на
Мирко Попов на митингот на СДСМ се наоѓаат опозициски политичари, оперски пејачи,
новинари и останати општествени личности, чии шовинистички коментари се насочени токму
кон Попов.


Ништо подобро не поминува ни поддршката на визуелниот уметник и графички дизајнер,
Зоран Кардула, со отворени навреди, особено од членовите и симпатизерите на Левица и
ВМРО-ДПМНЕ.

По објавата на Фејсбук статус на Кардула за недоличните коментари на членовите и
поддржувачите на опозициските партии на социјалните мрежи, самиот стана мета на
експлицитен говор на омраза, со кој се напаѓа Кардула, неговата работа и неговото семејство.
„Не коментирав за изборите, но позната и толку пати слушната и прочитана реторика од страна
на симпатизерите на ВМРО, не може да остави човек рамнодушен. Познатото ниво на
комуникација го продолжуваат еве веднаш после вториот ден од првиот круг на локалните
избори. Очигледно брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие кон сите
кои не беа со нив за време на нивното владеење. Не успеаја да еволуираат ни педа за овие
години“, вели во својата објава на Фејсбук Кардула.


Младиот политички аналитичар, Сефер Селими, пак на својот Фејсбук профил имаше објава во
која раскажува случка со локален таксист, симпатизер на ВМРО, кој со прекорувачки тон кон
него се обидел да му посочи што Селими „требал да кажува по дебати“.
„Во синоќешниот неврзан разговор со таксист, кој се чинеше дека ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ,
со речиси привлечни ’аргументи‘ дебатиравме за моите јавни ставови и речиси
со прекорувачки тон ми кажа што и како да зборувам. За среќа, беше малку доцна, а
патувањето беше кратко, па не стигнавме до точка да ми покаже како да размислувам“,
пишува Селими.

Next Post

Адријана Лима: Од природен изглед без шминка до гламур за црвен тепих

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk