Катерина Колозова за непојавувањето на Данела Арсовска на телевизиските дуели со Петре Шилегов, вели дека е истата стратегија што ја применуваше Никола Груевски. Во објавата на Фејсбук, Колозова се прашува дали непојавувањето е од неспособност да се говори надвор од подготвената скрипта, или од ароганција.
„Истата стратегија на Грујо: нема дуели. Не знам дали е неспособност да се говори надвор од подготвената скрипта, или е подлабока стратегија во стил „тие се над смртниците, не влегуваат во никакви дискусии и дијалози, само објавуваат и прогласуваат нешта од нивната небесна височинка”. Не ги можам ваквите. И не генерализирам, има ВМРО градоначалници што фер си победија и се изборија (Аеродром, Ѓорче) но тие не личеа на оваа сорта, туку на стварни луѓе. И така, Данела не гу можам – и тоа го реков уште од пресот со Саше Политико (пред месец и кусур). Не реков збор за другите ВМРО кандидати.“, пишува Колозова.
Таа вели дека на ликови како Данела не им верува.
„Не агитирам, да скратам. Ова си е конкретно за госпоѓата која не ја ни запознав. Ја гледав со Лупевска – нема израз на лице, ко замрзната маска, ко од друга планета. Чудо. Не бре, на такви не им верувам. Подобро ќе протестирам против Шилегов, ќе го пцујам, ќе пишувам петиции (бар ќе се кара со мене), него ова. ПС за пасошот, еве, ништо не викам – тука ќе ја бранам, “по бугарашка линија.” наведува во објавата Катерина Колозова.