ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Заев тврди дека Арсовска е и бугарска државјанка, кметица или кметка?

October 27, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Тврдам дека Данела Арсовска има бугарско државјанство, понижувачки е, треба да се повлече, вели Заев. Кметица или кметка, пишува Бранко Тричковски. Едно димче малце послабо чури, лае и труе деновиве. А како да чури и се дуе, кога нема кандидат у вториот круг, пишува Петрит Сарачини.

ФРОНТ, РЕНДГЕН

Кметица или кметка…Која како Македонка ја поддржува партијата која ја напаѓаше власта за предавство на националните интереси, имено, во преговорите со Бугарија и преку таа критика се искачуваше кон власта по скалите на македонските инфантили и останати глупаци, по басамаците од откинато живо месо на Македонија, од кај што потоа ќе може да ја покаже вистинската димензија на своето бугарство. Кога заспаната Бугарка ќе ја фрли македонската наметка и поотворено и троа деликатно на почетокот, ќе проработи во интерес на бугарската кауза во Македонија, пишува Бранко Тричковски.

Внимание: ајкули во Вардар! Затоа нашите партии си применуваат друг, проверен корективен „метод“ во политичкото оперирање со општеството, промовирајќи ги партиите како силна гаранција за посигурен општествен статус, врзувајќи ја поединечната судбина на граѓанството со изборната успешност на самите партии. Како што е познато, тоа се нарекува „партизација“ (или „негативна“ политизација) на локалната и државната администрација, а и на целата општествена атмосфера, од Гинекологија до Гробишта Бутел. (Ова е кратката верзија и на годинешните критики во Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија.), пишува Сашо Орданоски во најновата колумна.

Димче Лајош Тапкарош. Освен тој „ќар“, за утеха, тука се и два-тринаесетина илјади гласови повеќе, куп советнички места, кои ќе донесат десетици илјади евра повеќе на сметката на димчето и партијата. А и некој ќе се „ухлеби“, ќе цица од Буџетот на „Северна“, што би рекол тој, инаку и самиот државен ухлеб од кога знае за себе. Дај шта даш, пишува Петрит Сарачини.

„COP 26“

Christian Adams

ПОЛИТИКА И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Заев: Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија, очекувам да се повлече, ова е понижување. Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначалник, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник.

(ВИДЕО) СДСМ Скопје : Колку семејни фирми на Данела Арсовска имаат седиште во спортската сала „Расадник“?.Претходно, СДСМ обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“ со седиште на улица Благоја Гојан 24 (од 01.01.2002), кога Данела имала само 22 години.

Заев од Куманово: За четири години сите плати во просек ги покачивме за 6.000 денари. Заев пред присутните се осврна на досега спроведените проекти во Куманово и побара поддршка за Оливер Илиевски за Куманово да биде во вистинските раце.

Колозова: Данела со истата стратегија на Грујо – нема дуели. Ја гледав со Лупевска – нема израз на лице, ко замрзната маска, ко од друга планета. Чудо. Не бре, на такви не им верувам. Подобро ќе протестирам против Шилегов, ќе го пцујам, ќе пишувам петиции (бар ќе се кара со мене), него ова“, пишува Колозова.

Твитер: Новиот градоначалник на Гази Баба наредил сите кои не се од ВМРО да бидат прераспределени во помали места?

Весковски најави центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства. Центарот ќе обезбедува индивидуален третман и психосоцијална поддршка преку современи терапевтски методи, а дополнително ќе се уреди дворната површина пред центарот за активности на отворено, со поставување на сензомоторен двор кој ќе се користи за терапевтски цели.

Димитров со искрена поддршка за Петре во недела: Ќе гласам за него со чиста совест ! Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми. За нашиот избор пак во поширока смисла, што се однесува на стратешкиот правец на татковината, ситуацијата ни е тешка. Опозицијата ниту помага, ниту реално се трка во истиот правец – силна и европска демократија, слобода и правда за сите, членка на НАТО и заслужена, иако сè уште неостварена одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори“, пишува Димитров во својата објава.

Герасимовски најави финансиска поддршка и соработка со активистите за права на животните. Општина Центар беше првата општина која прифати да учествува во финансирање на Јавно претпријатие  „Лајка“ кое го оформи градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.  „Лајка“ е стационар по светски стандарди за хумано згрижување на бездомните животни кој воспостави ефикасен систем за контрола на популацијата на кучиња.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција пред „Расадник“, интервенирала и полицијата, велат од СДСМ Скопје

НАЈНОВО

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk