ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Димитров со искрена поддршка за Петре во недела: Ќе гласам за него со чиста совест !

October 27, 2021 11:04
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се јави на социјалните мрежи со порака за поддршка на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

Димитров пишува дека се мислел дали да се заложи за кандидат на локалните избори, бидејќи не е партиски човек, но чувствувал обврска кон граѓаните на Скопје да го соопшти мојот став.

„Со гласачите од ИЕ 1 имаме заемна доверба од парламентарните избори. Секогаш сум бил и ќе бидам гласот на граѓаните. Немам политичка, ниту етичка обврска да давам бланко поддршка водејќи се од буквите на партијата, по логика што мене не ми е блиска: ако се моите, добри се без разлика на сè – ако се другите, лоши се без разлика на сè”, започнува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук Димитров.

Димитров е роден во Скопје и пораснал во Центар, а голем дел од детството го поминал и кај неговата баба во Карпош.

„Си го сакам Скопје, иако кога можам го заобиколувам плоштадот што искрено преку Скопје 2014 го направија прослава на кичот. Го сакам Скопје со сите негови маани. Можеби сум пристрасен, бидејќи речиси нема улица и сокаче каде немам сеќавања, ама градот ни има голема душа. И токму затоа, како граѓанин, решив да си кажам што мислам за изборот за градоначалник на мојот град“, додава Димитров.

Со ова писание, вели Димитров, сакам да му дадам искрена и сесрдна поддршка на Петре Шилегов. Ќе гласам за него во недела, со чиста совест.

„Дали Петре направи многу за Скопје во првиот мандат? Апсолутно. Дали е идеален градоначалник? Не верувам. Дали е неспоредливо подобар од другата кандидатка? Немам никакви дилеми. За нашиот избор пак во поширока смисла, што се однесува на стратешкиот правец на татковината, ситуацијата ни е тешка. Опозицијата ниту помага, ниту реално се трка во истиот правец – силна и европска демократија, слобода и правда за сите, членка на НАТО и заслужена, иако сè уште неостварена одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори“, пишува Димитров во својата објава.

Од друга страна, на Димитров му е сосема јасно дека за многумина тоа не е доволно.

„Јасно ми е дека поминаа речиси пет години. Режимот тешко да се памети. Лекцијата од првиот круг локални избори е дека мора да се работи поинаку, далеку подобро и поискрено. Парадоксално можеби, но или ќе се разбере таа лекција вистински и ќе се вози директно нагоре или ќе се стркала колата повторно надолу. Од резултатите на таа лекција навистина ќе зависи многу… или сè“, завршува Димитров, посакувајќи му среќа во недела на изборите на Петре Шилегов.

Next Post

Вистиномер: Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk