ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Ковид пандемијата постои, а болеста ковид-19 е предизвикана од вирус

October 27, 2021 11:22
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2, вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни заболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (БИРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС). Не е точно ниту тврдењето дека нема пандемија, во март минaтата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, а досега во светот има вкупно  240.940.937 потврдени случаи, а бројот на починати е речиси пет милиони –  4.903.911, пишува „Вистиномер“ во својата анализа на дезинформација што е објавена на Фејсбук.

Во пост на Фејсбук поддржувачи на теориите на заговор, пласираат опасна лага дека коронавирусот не е воопшто вирус и дека ковид пандемијата не постои.

Во постот се вели:

Тие теоретичарите на заговор предупредуваа уште од април 2020 година дека „Ковид“ не е вирус, но луѓето сеуште одбиваат да го видат она што им се покажуваа!

Знаете дека во вистинска пандемија никогаш не би презеле такви мерки ко што го имаме ако се бориме против вирус. А во меѓувреме, јажето се стега.

Тврдењето „ковид не е вирус“ е неточно.

Ковид-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично), пишува на специјалната веб-страница koronavirus.gov.mk,  посветена на коронавирусот. 

Докажано е дека коронавирусите се големо семејство на вируси за кои е познато дека предизвикуваат болести кои варираат од обична настинка до посериозни зболувања како Респираторен Синдром од Блискиот Исток (МЕРС) и Сериозен Акутен Респираторен Синдром (САРС).

Новиот корона вирус (КOВИД-19) за првпат се појавил во Вухан, Кина, во 2019 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето, се вели во описот на краткото видео прикажано на веб-страницата на светската здравствена организација (СЗО)

Корона вирусите се познати од 60-тите години на минатиот век. Името потекнува од протеинската структура на вирусната обвивка која потсетува на круна. Овие вируси не се невообичаени. Честопати инфекциите се безопасни и минуваат со симптоми слични на грип: треска, кашлица, задишаност, а понекогаш и стомачни проблеми.

Проблемот со овие вируси е што имаат неверојатна моќ на преобразба. Спаѓаат во ткн. РНК-вируси, бидејќи поседуваат рибонуклеинска киселина како генетички материјал. Затоа имаат голема генетска варијабилност. Практично, тоа значи дека тие лесно ја прескокнуваат бариерата меѓу видовите за да си пронајдат нов домаќин, пишува на веб-страницата посветена на состојбата со коронавирусот во Македонија, на која се прикажани информции, графикони и мапи, направени врз основа на податоци од Министерството за здравство и СЗО.

Исто така, не е точно дека нема пандемија.

Во  март минатата година СЗО прогласи пандемија на ковид-19, тогаш имаше 118.000 заразени во 114 држави, а бројот на починати лица достигна  4.291.

Според последните податоци од СЗО, пак, заклучно со 19 октомври во светот има вкупно 240.940.937 потврдени случаи, а бројот на починати е речиси пет милиони –  4.903.911.

Не е вистинито ниту тврдењето изнесено во постот „дека во вистинска пандемија никогаш не би презеле такви мерки ко што го имаме ако се бориме против вирус“.

Познато е дека  пандемските болести, како што се колерата, чумата и грипот се причина за смртта на милиони луѓе во светот. А карантини, мерки за заштита постоеле и се применувале за да се намали бројот на заболени. Заштитните маски биле една од препораките и при пандемијата со шпанскиот грип во 1918 – 1920.

Масовните карантини и рестрикциите, кои беа дел од превентивните мерки во земјава за спречување на ширењето на коронавирусот се применуваа и во сите земји во светот.

Веќе е општо познато дека носењето маска помага во намалувањето на ризикот од ширење и заразување со коронавирусот. Според Мајо клиниката од САД  дека носењето заштитна опрема во комбинација со честото миење раце и физичкото дистанцирање од два метра го намалува ризикот од ширење на ковид-19. Истото го препорачуваат и македонските здравствени власти, Светската здравствена организација, Американската асоцијација за контрола и превенција на заболувања и владите на речиси сите земји во светот.

Па имајќи ги предвид горенаведените факти, тврдењата изнесени во постот што го рецензираме ги оценуваме како лажни. Оваа тенденциозна објава на Фејсбук шири невистини за коронавирусот и мерките за заштита од него, притоа опасно ја манипулира јавноста создавајќи сосема погрешна слика за болеста ковид-19 и пандемијата воопшто, пишува „Вистиномер“.

Next Post

Нови ковид протоколи за влез во Данска и Италија

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk