ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ FRONTACTION

Скопје во кое што живеам, сакам да продолжи да живее

Во Скопје сум 10 години и еден месец. 15 дена сум официјално со лична ларта жител на Центар и Град Скопје - иако Куманово ми е врзано за папочна врвка

October 27, 2021 20:41
in FRONTACTION, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВЛАДАНКА КРСТЕВСКИ

Дојдов во градот со куфер полн сништа кога Скопје се распаѓаше, 2011та година – имаше багери насекаде. Се рушеше едно време – за да се изгради друго. Се менуваше битот и суштината, ние студиравме и се смеевме на гротескното време во кое што живееме. Последна падна мојата омилена фасада на Владата (тоа никогаш нема да им го простам!).

Продолжив да раснам низ малите Карпошови улици, низ лудите студентски денови да се осознавам и спознавам и прифаќам и раснам низ секаквите имиња како „провинцијалка“ во Скопје, како Скопјанка во Скопје, како граѓанка на Скопје, до денес, кога сум горда Кумановка во Скопје која сака да го гушне градот кој што се создава од неговите луѓе.

За мене најголема радост се новите мали – но големи промени, како велосипедските патеки, зазеленувањето и нормално, Лајка. Победата на целото општество е ЛАЈКА и сменетата слика на Вардариште, тука се и новите реновирани делови на Гоце студентскиот и убавите зелени покриви.

Најголема среќа се луѓето што го сакаат Скопје, луѓето што се бореа и се борат за Скопје, луѓето од кои учам како да го сакам – и како да се сакам себе си во него, и сето она што ќе го оставам и создадам тука.

Скопје полека се претвора во град на кој станувам горда.

Растрчано низ скоковите да се седне во градската фотеља, моето Скопје денеска ја води својата најголема битка – дали да оди напред или да се врати назад. Да се врати назад во ужасното минато на апсурдните и нефункционални плажи во среде центар, на кичот од Шпански скали, на монструозните железни споменици – рѓосани од надвор и шупливи од внатре. Фонтани без вода и плоштад кој дречи на некое минато кое со сигурност не е наше, моето Скопје (простете, но сепак е мое, без оглед што не сум родена тука) рика во болка и моли да не се врати во градежното лудило и бескомпасното крадење и сечење дрвја. Скопје е битот на целата татковина. Скопје денес се наоѓа на крстосница, помеѓу иднина која може да биде светла и минато – кое со сигурност го знаеме.

Нормално, треба да се работи без престан на реконструкција и обновување, на реставрација на суштинските гени на градот. Да се создаваат уште успешни приказни како Лајка, да се зазеленува, и да се намалува загадувањето. Скопје е нашиот ментален склоп – и тоа што му се случува на Скопје ни се случува и нам – без разлика каде живееме во државата.

Скопје не смее да потоне во лаги, туку треба да биде слика на вистината – треба гласно да се кажуваат работите кои Скопје ги има на себе како рана или како доблест.

И врочем, доаѓам до најголемиот проблем што ми ечи во главата денес, а тоа е што еден од кандидатите за престолот на градот, „независен“, решил да се вплетка во низа одлуки за себе си – и да го скрие тоа од очите на граѓаните.

Воопшто не е страшно што ете „независната“ кандидатка имала бугарска лична крта, државјанство, имот, долг и што ли уште не. Страшно е лажното претставување зад скриени лажни морални и етички вредности, страшно е лажното негирање на тоа што е самата таа, страшно е што нема храброст да застане и да каже : ДА ТАА СУМ.

Е тоа е страшно другари, што повторно под лажната стиропор фасада се крие уште едно шупливо ништо кое е спремно да лаже за да исполни некакви цели. Мене не ми смета националноста и тоа како се чувствува таа немам проблем со бојата, верата, што е – ми смета лажноста, суровоста и сето она што ме потсетува на едно гадно време кога ги ставаа работите под тепих, кога основните човечки вредности вредеа сендвич, а основните човекови права се кршеа на секоја улица, уличка, сокаче во Скопје. Кога сите молчеа кој од страв, кој од срам – и после не удрија „бомби“ и метафорички и вистински. Навистина не би сакала тоа – никогаш да се повтори.

Скопје во кое што живеам, сакам да продолжи да живее.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk