ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) СДСМ Скопје : Колку семејни фирми на Данела Арсовска имаат седиште во спортската сала „Расадник“?

October 27, 2021 10:22
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почесната конзулка на Унгарија, Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје, затоа што е одговорна за пропаѓањето на спортската „сала Расадник“ изградена со самопридонес на скопјани“, изјавија на денешната прес-конференција од Градската организација на СДСМ – Скопје.

СДСМ – Скопје тврди дека Данела Арсовска бега од одговори на прашања во врска со нејзиното катастрофално менаџирање на салата „Расадник“, кое било овозможено од власта на ВМРО-ДПМНЕ кога министер за финансии е Никола Груевски во 2002 година.

Претходно, СДСМ обелодени документи дека во 2002, кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, спортската сала „Расадник“ била дадена под закуп на 25 години на фирмата „Империјал Данела“ со седиште на улица Благоја Гојан 24 (од 01.01.2002), кога Данела имала само 22 години: „Арсовска (тогаш Јовановска) се обврзала да го развива спортот во Општина Кисела Вода со користење на салата, но, наместо спортот, директорката Данела развивала семејни фирми – дел од нив со седиште токму на спортската сала „Расадник“ – објект изграден на државно земјиште од град Скопје преку самопридонес на скопјани“, тврди СДСМ Скопје.

На прес-конференцијата беа обелоденети повеќе документи за поврзаност на Данела Арсовска со фирми на нејзиниот татко, дека заедно воделе бизниси во државната сала „Расадник“ и на други места, како што е фирмата РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ со седиште на ул. НАРОДНИ ХЕРОИ ББ Спортска сала – Расадник:

„Арсовска станува претседател на ССК во 2014 токму како генерален менаџер на „Ројал Груп“ и истата година дава интервјуа како „сопственик на Ројал Скопје“. Наредната 2015 година Арсовска и „Ројал Груп“ се на списокот на донатори за црквата на Никола Груевски, а Арсовска седи на иста маса со Груевски“, укажа СДСМ Скопје.

СДСМ Скопје обелодени документ за историјатот на фирмата „РОЈАЛ ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје“ од кој се гледа дека Арсовска и татко и претходно биле заеднички сопственици, а била и управител на оваа фирма со седиште во сала „Расадник“:

„Фирмата „Империал ДООЕЛ“ (претходно „Империал Данела“) ја дала на подзакуп салата Расадник на семејната фирма „РОЈАЛ ГРУП“ токму во периодот кога е констатирана кражба на струја. Кога Арсовска станува претседател на ССК во 2014, кога се објавуваат информации за неа како генерален менаџер на „Ројал Груп“, тогаш се крадела струја, а фирмата „Ројал груп“ била подзакупец на Спортската Сала „Расадник“!“, тврди СДСМ Скопје.

СДСМ ја обвинува Арсовска дека додека салата Расадник пропаѓала како резултат на лошо менаџирање и неплаќање огромни долгови кон ЈП, „Арсовска си развивала семејни бизниси – и на државна адреса во сала „Расадник“, но и на Благоја Гојан 24 каде е регистрирана фирмата „Империал Данела“ – првиот закупец на салата „Расадник“ во 2002“.

Од обелоденетите документи, се гледа дека Данела Арсовска била менаџер на „Хотел Империјал“, на ул. Благоја Гојан 24, каде што биле регистрирани и брендовите „Hotel Imperial“ и „Hotel Royal“ на фирмата Хотели Ројал ДООЕЛ Скопје.

СДСМ Скопје обелодени и документ дека фирмата „Хотели Ројал“ е сопственик на „Хотел Ројал“ во Капиштец, и постави директни прашања до Арсовска:

„Колку приватни или семејни фирми на Арсовска имаат седиште на државна адреса во спортската сала „Расадник“, објект изграден од скопјани со самопридонес? Дали тие приватни фирми краделе струја, не плаќале долгови и исцрпувале ресурси од државната сала, за да си развиваат бизнис со хотели и други бизниси?“

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Свилановиќ: Билатералното недоразбирање да не се користи за стопирање на евроинтеграцијата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

September 27, 2025

Општина Центар постави контејнери за лесно и бесплатно одлагање кабаст отпад

September 27, 2025

Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива, порача Филипче

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk