ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Свилановиќ: Билатералното недоразбирање да не се користи за стопирање на евроинтеграцијата

October 27, 2021 10:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имам големи очекувања дека со формирањето на новата влада во Софија, дијалогот повторно ќе се отвори и дека ќе се најде компромис. Тоа е клучна работа и многу важна. Сите во регионот се израдувавме кога една од трите големи теми беше отстранета, а тоа е Преспанскиот договор. Изненаден сум дека после тоа дојде до застој. Тажен сум, следам што ќе се случи и се надевам дека во Бугарија ќе има нова влада со полн капацитет која ќе седне со своите партнери во Скопје и ќе рече: „ајде да бараме решение“, вели во интервју за МИА поранешниот генерален секретар на Советот за регионална соработка и дипломат, Горан Свилановиќ.

Свилановиќ, кој моментно е советник за регионални прашања на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, порачува – билатералното недоразбирање да не се користи за стопирање на евроинтеграцискиот процес.

Според него, земјава во некој смисла е жртва, зашто направи сериозни и храбри чекори напред, а се уште не доби датум за почеток на преговорите со Европската унија.

– Направен е голем чекор кој не го доби она што требаше – датум за почеток на преговорите. Сметам дека тоа само дополнително ја продлабочи недовербата на некои од луѓето кои живеат тука. Неопходно е и важно да се охрабри секој што сега или утре ќе ја води оваа земја – да знае дека од другата страна има партнер во ЕУ кој ќе каже: „во ред е, тоа го договоривме и тоа ќе го почитуваме“. За жал, тоа охраборување не дојде и за тоа сум многу критичен, кажувам отворено. Во овој момент довербата е ослабена. Едно ветување е неисполнето, а условите се исполнети, истакнува Свилановиќ.

Тој зборува и за Отворен Балкан, потенцирајќи дека оваа иницијатива воопшто не е некаква конкуренција на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), отфрлање на некоја од неговите членки или форсирање нова, поинаква агенда. Напротив, сите земји-членки на КИФ се добредојдени, но идејата е – додека „висат“ одредени нивни нерешени прашања, Северна Македонија, Србија и Албанија економски да се движат побрзо и поефикасно.

-Луѓето бараат да видат конкретен бенефит од соработката – во транспортот каде камионите се уште стојат или во слободата на трговијата со услугите. Ако сте сопственик на стоматолошка ординација во Скопје, да можете да отворите ординација каде било во регионот без дополнителни процедури, квалификацијата да ви биде признаена. Овие работи мора да се операционализираат. Но, засега стојат. Зошто? Затоа што некогаш треба навистина многу закони да се сменат, а некогаш и најчесто за некои прашања се уште нема решение, како во дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тука е всушност воведот во приказната со Отворен Балкан. Тоа е вистинската причина за ваквата иницијатива. И воопшто не се работи за друга агенда. Целта е само да одиме побрзо, но истовремено да бидеме отворени и за останатите. Во таа смисла, не гледам конкуренција меѓу КИФ и Отворен Балкан, ниту некаква поделба или отфрлање на другите земји. Работата е овие три земји да не чекаат, да одат малку побрзо, а да бидат отворени за сите останати. Другите треба да согледаат дали овие три држави договорија и прават нешто вистински корисно и ако да, да речат: „па ајде и ние“, објаснува Свилановиќ.

Во сé поинтензивното ориентирање на земјите од Западен Балкан кон заедничкиот регионален пазар и засилувањето на нивната меѓусебна соработка во различни сфери, поранешниот дипломат не гледа идеја за повторно креирање на Југославија. Народите од овие простори, дециден е Свилановиќ, не се подготвени да одат чекор назад и за тоа никој не размислува.

– Ова го слушнав на јпрво како забелешка – „овие сакаат да прават повторно Југославија“. Но, не е таква идејата. Никој не прави Југолсавија. Народите кои живеат во овој регион се изборија за независна, суверена и сопствена држава. Секоја од земјите се определи и за членство во ЕУ. Но, заедно со тој сон, се случува и вистинскиот живот. Да зборуваме отворено. Животот оди по некои текови кои големата политика ја ставаат некако на страна. Нашата реалност е заеднички пазар иако постојат пречки кои треба да се елиминираат, истакнува Свилановиќ.

Во интервјуто за МИА што ќе биде објавено утре, Свилановиќ се осврнува на европскиот инвестициски план, зборува за владеењето на правото и анализира колку е искористен бизнис потенцијалот на земјите од регионот. Открива и дека втората средба на Отворен Балкан ќе се одржи на почетокот на ноември во Белград, а планиранa е и средба во Будимпешта меѓу стопанските комори од Западен Балкан и на земјите од Вишеградската група.

Next Post
Christian Adams

„COP 26“

EVN

НАЈНОВО

Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026
Фото: ВИ

Десет години по Брегзит: Повеќе од половина Британци сакаат враќање во ЕУ

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk