Не е срамота да имате бугарско државјанство, не е срамота да се чувствуате како сакате, Северна Македонија е земја за сите. Но срамота е да лажете и да криете, рече пратеничката Славјанка Петровска на денешната прес-коференција.
Не само Данела Арсовска туку целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е уверението на господиниот Ангел Арсовски сопруг на Данела издадено во 2010 година, рече Петровска.
„Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред онаа на Данела Арсовска…Не е проблем што имате бугарско државјанство, но проблем е што нечесно и со лаги, лажејќи дека сте назависен кандидат, влеговте во трката за градоначалник. Очигледно е дека имате длабоки врски со повеќе странски земји, Бугарија и Унгарија. Таа е иста како и нејзината партија. Чесно е да каже кои се нејзините интереси“, рече Петровска.