БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Не, не, не е лошо да си Бугарин во Македонија, лошо е пајсиевски да криеш дека си Бугарин.
Освен ако не се криеш по задача за да ја илустрираш таканаречената репресија врз Бугарите.
Зошто Бугарија прави од Македонците со бугарско државјанство заспани агенти на својата империјална политика?
Реакциите во врска со државниот и национален статус на Даниелчето се врзани за тој модел на предизвикување на затегнатост и немир во меѓусебните односи како начин да се ослабнува Макединија и да се засилуваат шансите на бугарската пенетрација.
Луѓе кои ќе глумат македонски патриоти, ќе носат антибугарски резолуции, ќе ги напаѓаат договорите со Бугарија, сите чекори за зближување и на тој начин ќе нудат алиби за бугарските уценувачки и во суштина агресивни, на национална и територијална основа, политики. Ќе свикуваат квазинаучни конференции како храна на немирот, на хаосот, на огорченоста, на слабоста, на вербата, на небиднината.
Тоа е така подмолно и расипано.
За жал, Софија и нејзините луѓе во Македонија, не го одбраа нормалниот пат на отворена декларација кој е кој и што е што и на амбициите на поединците или заедницата врз основа на таа декларација.
Верувам дека еден ден можевме да имаме и Бугарин за претседател. Или премиер.
Но политиката на Софија и на македонските софијанци од вмро, не е да се има Бугарин за претседател, туку да се нема Македонија.
Како во случајот со Даниела: Главната цел не е грдоначалничкото место во Скопје, туку надежта дека ќе се предизвика внатрешна идентитетска криза, ќе се добијат основи да се оправдува својата политика и продолжувањето на таа политика на негацијата и агресијата.
Океј
Нека биде така.
Во реакциите не гледам ширење на омраза кон Бугарија и кон Бугарите. Македонците не се способни да мразат никого пивеќе од себе. Има рефлексии од времето кога Македонците ги користеа Бугарите како елемент низ кој ќе ја потврдат својата супериорност. Хахаха. Ова се реакции на лгата, на лицемерието, на неморалот, на криминалот.
Каков антубугаризам, какви бакрачи.
Ова е отворен свет во кој само будалите и благонадежните можат да се надеваат на симпатии од една така исфабрикувана сторија.
Така што, Данелче, не фала. Можеби следниот пат. Сега ги знаеме твоите социјални, родословни, државни, локални и меѓународни координати и злосторнички конекции, со други зборови вистната за тебе и ако во меѓувреме не завршиш в затвор за лажно претставување и за предизвикување на заблуда и заведување на луѓето, ќе можеш да се јавиш на следните избори. Можеби и јас ќе ти го дадам мојот глас.