ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Сѐ повеќе скандали ја „тресат“ Дан(и)ела, Скопје мора да продолжи напред, прогресивните граѓани се мнозинство, ќе го трасираат европскиот пат

October 28, 2021 20:50
in ON THE HOUR
Share on FacebookShare on Twitter

Се повеќе скандали ја „потресоа“ Арсовска непосредно пред избори, затоа таа не заслужува да биде градоначалник на Скопје (СДСМ). Груевски од Унгарија се распрашувал за купување на стан во Центар. Вкупно се аплицирани 1.600.966 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата.

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА

Во Дирекцијата на ТИРЗ денеска ќе се одржи средба на министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски со новинарите на која ќе информираат за начинот на функционирање на новиот Стратешки зелен инвестициски фонд на ТИРЗ за поддршка на инвестиции, креиран во рамки на Планот за забрзан економски раст на Владата што го подготви Министерството за финансии.

Од 1 јануари ќе го воведеме и вториот критериум – како растат платите, така да растат и пензиите. Секој 1 јануари и секој 1 јули ќе има покачување меѓу 300 и 700 денари, два пати годишно“- истакна првиот човек на СДСМ, претседателот Зоран Заев на Фејсбук.

Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет кој ќе биде рамо до рамо со европските аквариуми“, најавува градоначалникот Шилегов.

Лидерот на граѓанското Движење „Унгарија на сите“ (МММ) и кандидат на здружената унгарска опозиција за премиер Петер Марки-Зај изјави дека доколку победи на парламентарните избори следната пролет, планира да ги екстрадира во нивните матични држави поранешниот македонски премиер Никола Груевски и јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа, кои имаат азил во Унгарија.

Не е срамота да имате бугарско државјанство, не е срамота да се чувствувате како сакате, Северна Македонија е земја за сите. Но срамота е да лажете и да криете, рече пратеничката Славјанка Петровска на денешната прес-коференција.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина.

Бугарскиот портал „24 часа“ објави дезинформација за непостоење на бугарска лична карта на име на Дан(и)ела Арсовска. Дезинформацијата ја пренесоа Инфомакс, Курир, Република, Плусинфо, Фактор и други македонски портали. Ова е само дел од случајот за кандидатката за градоначалник на Скопје што го објави СДСМ, кој со денови ја бранува јавноста.

Во време на економска криза и во време на пандемија нам ни растат економските перформанси, ја намалуваме невработеноста. Јавниот долг од 64 отсто, сега е намален на 60 отсто, за цели четири проценти што е многу значајно за нас.

ИЗБОРИ

По првиот круг стоиме исправено и ви кажуваме дека го сфативме гневот и пораката. Спремни сме на промени, неопходни за градот, општината и државата. За тоа треба да го сочуваме Карпош и да го сочуваме Скопје. После првиот круг веќе се е јасно, имаме едноставен избор – дали сакаме Скопје да го движиме напред да стане модерна, европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, стиропорот, митовите и лажната бронза

Во своето вечерашно обраќање пред граѓаните во скопската општина Карпош, градоначалникот на
Скопје ја побара поддршката за вториот круг потсетувајќи на бројните реализирани проекти од
градската зелена агенда.

„Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за
доброто на Скопје и скопјани“, укажува Градската организација на СДСМ, на денешната прес
конференција.

Карпош не е парче бетон, не е корупција, не е место каде царува криминалот, да се обединиме и да не дозволиме минатото да го заземе местото на иднината, време е Стевче Јакимовски да го пратиме во пензија.

Андреј Жерновски, поранешниот градоначалник на општина Центар му даде поддршка на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку видео објава ги повика граѓаните в недела да излезат да гласаат, како што вели и „да ја потврдат шансата земјава да продолжи напред и никогаш да не падне под режим“.

Кандидатката за градоначалник на Општина Центар, во реклама која беше објавена на официјалната страница на ВМРО-ДПМНЕ зборува за загадувањето, изнесувајќи тврдење дека Скопје е најзагаден град во Европа.

Денеска на градскиот плоштад во Куманово прес конференција одржа претседателот на СДСМ и актуелен пратеник Мартин Костовски, по повод вториот круг од локалните избори.

В.К

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Скопје го доби „Ист Гејт Мол“ – изграден во рекорден рок со нов стимул за економски развој и 2.500 вработувања

НАЈНОВО

Марковски најави спортско-рекреативен зелен појас низ Скопје

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

October 4, 2025

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk