ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Лагата во фокусот на колумнистите, поткуп на гласачи во Кочани

October 29, 2021 21:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во политиката, во принцип, кога ќе ве фатат во крупна лага, најлошата стратегија за комуникација со јавноста што ви стои на располагање е – да продолжите да лажете, пишува во најновата колумна на Сашо Орданоски. Позитивната кампања ги поттикнува граѓаните да гласаат, а негативната ги одвраќа и остава дома. Шилегов со видеопорака повика скопјани да го изберат најдоброто за Скопје. Нова колумна на Беса Арифи. Интересна комуникација за поткуп на Екс-градоначалник на Македонска Каменица и актуелен кандидат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ПОЛИТИКА

Шилегов: Преку апликацијата „Мое Скопје“ граѓаните ќе имаат „мини референдуми“ за сите важни прашања во градот. Градоначалникот на Скопје додаде дека со овие т.н. „мини референдуми“ за важните прашања, гласот на граѓаните ќе биде пренесуван и ќе служи како водилка за градоначалникот и советот.

Малески, Орданоски, Спасов, Беличанец и ред други реномирани колумнисти, со висок углед
во своите професионални средини и во јавноста, во своите најнови колумни се осврнаа на
лагите пласирани во текот на изборната кампања и нивното влијание врз гласачите кои во
недела одлучуваат кому ќе му го доверат управувањето со локалната самоуправа.

 

АХА

Голема фама се крена околу бугарското државјанство на независната кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска. Немаше да има никаква потреба од тоа ако Данела, наместо да се срами, едноставно речеше – да точно е, имам бугарско државјанство и сум горда булгарка. Но, наместо тоа, Данела како права голема македонка со бугарски пасош и независна вмровка, одбра да крие, да се заканува со тужби и да манипулира со јавноста до последен момент.

ФРОНТ

(М)оралното лажење е најстариот рецепт за губење избори… За тоа има многу „лекции“ во историјата на лажењето на политичарите од кои може многу и да се научи. Прво паѓаат на памет оние со американските претседатели врзани за Вотергејтскиот скандал на Ричард Никсон и скандалот со сексуалните компликации на Бил Клинтон, а и двајцата завршија со импичменти во американскиот Конгрес. Деталите, а и исходот од тие импичменти се различни, но со познати крупни политички последици и по нив двајцата, а и по републиканците и демократите кои, како партии, прво застанаа, па потоа се дистанцираа од нив, пишува Сашо Орданоски.

СКАНДАЛИ

На 28.10.2021 во ОВР Кочани било пријавено дека Д.С.(53) од Кочани на повеќе лица им дал по 1500 денари за тие да гласаат во вториот круг на локалните избори за кандидат за градоначалник, информираат од полицијата

На социјалната мрежа Твитер, на профилот Дан(и)ела за Петрич @DanIelaKmetica, објавена е Вибер комуникација, која наводно се одвива помеѓу поранешниот градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски и сегашниот кандидат за градоначалник,  Димчо Атанасовски -Џими, двајцата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според објавата, тие договараат поткуп на гласачи. 

ИЗБОРИ, ЕКОНОМИЈА

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа серија на маалски средби со граѓаните на општина Центар. На повеќе локации Заев ја испрати истата порака за обединување за бројот 12 за Петре Шилегов и за Горан Герасимовски.

Кумановци се секогаш на вистинската страна, а тоа ќе го докажеме и во недела на 31 октомври кога ќе излеземе сите на гласање и ќе го поддржиме Оливер Илиевски за градоначалник на општина Куманово, а со Илиевски ќе имате европски квалитет на живот во општина Куманово, порача Оливер Спасовски, потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на средба со граѓаните во Куманово.

Негативната кампања ги одвраќа луѓето и ги остава дома. Многу жалам што после првиот круг се појави многу омраза, закани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претење за губење на работни места и чистки по институциите. Од тоа ќе го видат резултатот во вториот круг, иако тоа го прават доминантно во општините каде победија во првиот круг, рече Заев.

СДСМ: Арсовска ги лаже граѓаните, кога може да лаже за бугарско државјанство, лаже и за други нешта, за чии интереси одработува? Не е важно како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Ваквиот неискрениот и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем.

Можно ли е Дан(и)ела да му е подметнатa кукавички на Мицкоски од бугарските служби?
Има многу индиции за тоа, пишува Ѓорѓи Спасов на Фејсбук.

Маските паднаа, а не мнозинството во Советот на Град Скопје, смета кандидатот и актуелен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, по вчерашната објава на опозицискиот блок дека советниците на Левица, Алијанса и Алтернатива се приклучиле на оние од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Се отвoра најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт Мол“. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

 

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk