До 15 часот до Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале вкупно 311 приговори за повреда на избирачкото право, прифатени се 268 од нив , а одбиени се 25, додека за 18 од нив е утврдено дека ги има во избирачкиот список, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
Не се пријавени посериозни нерегуларности, додека сите проблеми со афингерпринт апаратите се решени.
– Во цела држава се гласа мирно и со користење на уредите за отпечаток на прст,без никакви проблеми, информира Даштевски.