Потензичен втор круг, евидентирани нерегуларности, зголемена нетрпеливост кон набљудувачите, нотира ЦИВИЛ. Евидентирани и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на КОВИД протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето (две избирачки места во една просторија).
Ангеловски: Изборниот процес се одвива генерално мирно, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир. По отворањето на гласачките места до 11.00 часот, информира тој, регистрирани се два настани во Кичево и еден во Тетово.
МВР: Од политичка партија пријавено агитирање и нудење поткуп за гласање во Кочани.
На 30.10.2021 во 14.20 часот во Полициската станица Кочани, од политичка партија било пријавено дека М.М.(63) од Кочани агитирал врз Ш.И. нудејќи и паричен надоместок за да гласа за еден кандидат за градоначалник.
До 15 часот во ДИК пристигнале 311 приговори за повреда на избирачкото право. Прифатени се 268 од нив, а одбиени се 25, додека за 18 од нив е утврдено дека ги има во избирачкиот список, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
МВР: Била на гласање со решение за самоизолација, лице во Кочани било агресивно. Во ОВР Кочани, претседателот на избирачкиот одбор на избирачко место 835 во Кочани пријавил дека околу 11 часот, С.М. го нарушил избирачкиот процес и на гласачкото место и кажал на својата сопруга за кого да гласа, а кога бил предупреден од страна на избирачкиот одбор јавно кажал за кого гласал и не го свиткал уредно избирачкото ливче.
Во Скопје до 13 часот најголем одѕив во Карпош или 29, 54 отсто, во Центар 28,19 %, Кисела Вода 27.03 отсто, Бутел 22 %, Чаир, 19, 82%, во Шуто Оризари 15,72%.
ЈО: Комисијата во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство.
Регистрирани 349 нови ковид случаи, 12 починати. Три починати лица од Скопје (51г, 64г и 85г), по 2 починати лица од Штип (64г и 75г) и Свети Николе (66г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (43г), Битола (60г), Радовиш (75г), Струмица (68г) и Дојран (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
И. Т. З.