На ИМ 1042, Куманово, ОУ Нами Фрашери, забележано е семејно гласање . Од страна на ИО дозволено е зедничко гласање на сопругот и сопругата. На комисијата и било укажано дека тоа не смее да се дозволи, но тие го окарактеризирале како пружање помош при гласање.
Изборните нерегуларности како што се притисоци, поткуп, злоупотреби, проблеми со Избирачкиот список, кршење на изборниот молк, говор на омраза, односно сѐ што граѓанките и граѓаните сметаат дека не е во согласност со нивното сфаќање за слободни, фер и демократски избори, можат да го пријават во ЦИВИЛ.
Пријавите може да поднесуваат на веб страницата slobodniizbori.info или во Граѓанската пријава која лесно се наоѓа и со клик на банерот Стоп за лажните вести и говорот на омразата на интернет порталот civilmedia.mk.