Должност ми е да искометирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата дојдени доминантно од надвор, а дадени главно за политички, но и за економски причини, а дел од големите пари ги добија од домашни бизнисмени, пред сè газди на градежни компании, заради идни лични интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за изборниот резултат“, рече Заев на вечерашната прес конференција пред да даде оставка.
Заев додаде: На овие избори за жал, видовме и сојузи меѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година. Се здружија жртвите и насилниците од ВМРО-ДПМНЕ за власт и пари.