ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коалициските партнери не се согласуваат со оставката на Заев – Заев не отстапува од одлуката

November 1, 2021 21:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Аријанит Хоџа од БЕСА по средбата изјави дека не навлегле во темата за евентуален нов мандатар или за нов состав на Владата, а откако Заев бил дециден дека останува на оставката, тие побарале да се даде простор за колку време тоа би се извршило, за да не се направи погрешен чекор што би водел во предвремени избори за што сите се согласиле дека не е момент

Сите партнери кои учестувааат во Владата беа апсолутно против оставката на премиерот Зоран Заев затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека тој треба да продолжи да ја предводи и да се продолжи со политиките затоа што тоа го очекуваат граѓаните, изјави првиот вицепремиер Артан Груби по денешната средба на премиерот и прретседател на СДСМ со владините коалициски партнери.

„Недвосмислено дадовме поддршка на политиките на Владата на премиерот и на цела владина коалиција за продолжување со европската и реформската агенда на Владата и немаше ниту еден сомнеж од ниту еден од учесниците на состанокот во однос на парламентарното мнозинство“, рече Груби.

Аријанит Хоџа од БЕСА рече дека воопшто не навлегле во темата за евентуален нов мандатар или за нов состав на Владата, иако тој потврди дека Заев останува на оставката.

„Нашето барање беше тоа да биде процес односно простор за колку време тоа би се извршило, бидејќи сме во многу деликатна политичка ситуација каде што навистина може било каков погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа би не носело во предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент“, рече Хоџа по средбата.

Пред средбата лидерите на ДОМ, ЛДП, НСДП и ДПА изјавија дека остануваат во владејачката коалиција.

Овие партии имаат вкупно шест пратеници во парламентарното мнозинство кое брои 62, и тоа: двајца има НСДП (Горан Мисовски и Соња Мираковска), двајца ЛДП (Боби Мојсоски и Моника Зајкова), еден ДОМ (Маја Морачанин) и еден ДПА (Мендух Тачи).

Денешната средба следи откако синоќа премиерот Зоран Заев поднесе оставката од премиерската функција и од функцијата лидер на партијата, но дека останува на ставот оти не се потребни парламентарни избори.

 

 

извор 360степени.мк
Next Post
Фото: МИА

САД ќе продолжат да соработуваат со Владата на Северна Македонија на патот кон ЕУ, рече Стејт департментот по оставката на Заев

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk