ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Државата е континуирана мета на хибриден напад, вели Дерала, заминувањето на Заев, крај на ерата на политички прогрес

November 1, 2021 13:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заминувањето на Заев значи крај на една кратка ера на политички прогрес на Западен Балкан. Обновата на автократијата ќе ги обнови конфликтите, пишува на Твитер, Јасмин Мујановиќ, автор на „Глад и бес: Кризата на демократијата на Балканот“. Прасето пред Божик не се згои – Македонија е во политичка криза!, пишува Орданоски. ДКСК утврдила 710 случаи на неподнесување анкетен лист за имотна состојба, за сите прекршочни платни налози.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Прасето пред Божик не се згои – Македонија е во политичка криза! За поразот, несомнено, е најодговорен Зоран Заев. Но, тој и кога губи, како и кога победуваше, одржа „премиерна“ национална лекција што ќе се памти: ја честиташе победата на противниците, а потоа без траги на нерешителност, си поднесе оставка и од премиерската и од партиската претседателска функција – нешто што во демократска Македонија до сега не е забележано, пишува во најновата колумна, Сашо Орданоски.

Честитки до новата градоначалничка на Скопје и да ги исполни сите ветувања. Во првите 82 дена го очекуваме ветеното чистење на сите диви депонии, потоа нивно претворање во паркови и претворање на „Вардариште“ во зелена зона со спортско-рекреативни терени. До крајот на мандатот (пардон, до половина на мандатот, оти Скопје нема време за чекање) очекуваме: гасификација за сите домаќинства, нов објект за скопски саем, најдобар луна парк на Балканот, жичница од Скопје до Средно Водно…., изградба на нова гимназија во Аеродром  пишува Сашо Трајановски.

Нож во грб. Од 31 октомври до 12 ноември во Глазгов се одржува 26-та конференција на ОН за климатски промени „COP 26“.

Tjeerd Royaards

ПОЛИТИКА

До Собранието досега не е стигната оставката на Заев. Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе свика седница за верификација на мандатите на новите пратениците кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии.

Дерала во Утрински брифинг: Државата е континуирана мета на хибриден напад, Заев потврди сомнителен влез на пари од странство. Ние како општество почнавме да навикнуваме на тоа што значи да се одржат слободни избори. Изборите беа демократски и фер и тука нема збор. Тоа што ние го зборувавме, всушност го потврди и премиерот, а тоа е дека ние како општество и системот и државата во целост, сме континуирана мета на хибриден напад, рече Дерала во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободен Печат, во разговор со Сашо Орданоски.

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на премиерот. Во членот 93 од Уставот е наведено дека „Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајната спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата. На Владата и престанува мандатот кога Собранието се распушта…Во член 219 од Деловникот на Собранието, пак, стои дека „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи…

Грчките медиуми за оставката на Заев. Оставката на Зоран Заев од премиерската функција, сепак не мора да значи и одржување на предвремени парламентарни избори во Северна Македонија. Самиот Заев во изјавата за оставка повтори дека актуелната влада има уште две и пол години за да го заврши својот мандат и треба да продолжи со својата работа, пишува АНА-МПА.

Бугарските медиуми за оставката на премиерот Зоран Заев. Софиското издание „Дневник“, по информацијата дека Зоран Заев поднел оставка од премиерската функција, наведува цитат од Заев од пред неколку дена, според кој, зад победата на ВМРО-ДПМНЕ стојат надворешни сили. „24 часа“ објавува дека Данела Арсовска, која е прогласена за „Бугарка“, станала градоначалник на Скопје, а премиерот Зоран Заев поднел оставка.

Мујановиќ: Заминувањето на Заев значи крај на една кратка ера на политички прогрес на Западен Балкан. Јас опширно пишував за значењето на Шарената Револуција и во мојата книга предупредив дека ако „демократските револти“ од средината на 2010 пропаднат, обновата на автократијата ќе ги обнови конфликтите, пишува на Твитер, Јасмин Мујановиќ, автор на „Глад и бес: Кризата на демократијата на Балканот“ (Hunger and Fury: The Crisis of Democracy in the Balkans).

Бибер: Една добра и две лоши вести со оставката на Заев.  Добрата вест е да се даде оставка без да се има потреба за тоа, претставува редок чекор на политичка храброст и покажува дека преземањето политичка одговорност е можно. Лошата вест е дека опозицијата е нереконструирана, националистичка и про-Орбан, смета Бибер.

Скопје и 43 општини избраа градоначалници во вториот круг. ДИК вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК Александар Даштески, ќе бидат објавени денеска.
Заев: Ќе останам додека се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено.

ДКСК утврдила 710 случаи на неподнесување анкетен лист за имотна состојба, за сите прекршочни платни налози. Против сите лица за кои е утврдено дека во законски утврдениот рок не ја исполниле законската обврска за поднесување анкетен лист до Антикорупција, информираше на денешната седница Билјана Ивановска, претседател на ДКСК, ќе им се издаде прекршочен платен налог, за сторен прекршок во членот 82 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk