Oстанувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од кои корист ќе има целиот наш народ и државата. Ќе останам периодов додека треба за да помогне за да се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено, рече Зоран Заев на вечерашната прес конференција.
„Јас лично како човек сум дел од СДСМ и од прогресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ.
Почитувани, господ да ни го чува народот и Северна Македонија.
Посакувам благосостојба и просперитет на сите наши етнички заедници, на целиот наш народ.
Ми беше огромна чест што можев да ви служам и што ми дававте доверба сите овие години да работам за вас, мој народе“, рече Заев.