ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Нема потреба од предвремени парламентарни избори, обвинет за „Шпански скали“ претседател на Советот на Аеродром

November 2, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет, пишува Орданоски. Владините партнери го потврдија стабилното парламентарно мнозинство и се против оставката на Заев. Обвинет во предметот „Шпански скали“ стана претседател на Советот на Аеродром. Старо-новиот градоначалник на Карпош во петок на суд.

ФРОНТ И РЕНДГЕН

Цунамито помина, следува спасувачката мисија… Нема можност за „брзи избори“ во Македонија, бидејќи и „најбрзите“ би биле некаде за време на идната пролет. Да не прераскажуваме закони и да толкуваме рокови, врти-сучи, без 4-5 месеци избори побрзо не би можеле да се спроведат – освен ако не реши власта итно да ги свикува! Толку будали, после вакви изборни резултати, веројатно не се, пишува Сашо Орданоски.

Пингвин

Paco Baca

ПОЛИТИКА, ПРАВДА И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Владините партнери го потврдија стабилното парламентарно мнозинство и се против оставката на Заев. На средбата заеднички е констатирано дека не се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи тие единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

Петровска на Утрински брифинг: Имаме стабилно мнозинство, потврдија и коалициските партнери. Според Петровска одлуката која што претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја соопштил вечерта по соопштувањето на изборните резултати, е негова лична одлука.

Стејт департмент: Ги следиме случувањата во Северна Македонија, соработката со Владата продолжува. Во изјавата се нагласува дека „САД ја сметаат Северна Македонија како доверлив и ценет партнер во регионот, и со нетрпение очекуваат да продолжи соработката со Владата на Северна Македонија во областите од заеднички интерес додека го продолжува напредокот што го постигна кон евроатлантската интеграција“.

Богоевски: Или некој во коалицијата не разбрал нешто, или „патриотизмот” и принципите им важат само за ПР. Фалевте, будалчиња. Фејсбук објава од Павле Богоевски.

Каракачанов: Не можеме а да не бидеме загрижени за победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Тоа се оние кои зборуваа за потребата од раскинување на договорот, за обновувањето на натписите на спомениците кои ја карактеризираат нашата земја како фашистички окупатор и кои повикаа на општа дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија, изјави Каракачанов.

Старо-новиот градоначалник Јакимовски, в петок на суд за незаконие во Карпош. Во 2019 година, бил обвинет од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција заедно со други лица, за злоупотреби при јавни набавки за Општина Карпош, незаконска легализација на привремени објекти и за приватизација на градежно земјиште што е во сопственост на државата. Откако е покренато обвинението, петмина се спогодиле, еден признал вина, а судењето за Јакимовски и за другите обвинети e во тек.

Обвинет во предметот „Шпански скали“ стана претседател на Советот на Аеродром. Заедно со Миле Јанакиески и уште 9 други лица се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

Локалните избори оценети како фер и демократски, родова нееднаквост и меѓу новите градоначалници. Додека од кандидатите во вториот круг се бараа финансиски извештаи тие не беа објавени пред гласањето. Од оваа причина, како и поради недоволните информации објавени во јавноста за отчетноста во врска со финансирањето во кампањата во првиот круг се намали транспарентноста, забележуваат од Мисијата на ОДИХР.

Благ пад на бројот на новозаразени од Ковид-19, трета доза вакцина примиле над 30.000 граѓани. Заклучно со 31 октомври вкупно се вакцинирани 805.008 граѓани, а ревакцинирани се 775.825.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk