ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Оставката на Заев оценета како пораз на ЕУ, Пендаровски се сретна со Бајден, ВМРО-ДПМНЕ повторно со блокада на закони

November 2, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се направат сите напори да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект, најави Бесими. Клукајдрвците „инфлуенсери“ на протест пред белата палата. Зголемен процентот на новозаболени за разлика од минатата недела. ДКСК ги потсети новите градоначалници на одредбите на Законот за корупција.

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА

Оставката на премиерот Зоран Заев е дефинитивна и нам не ни е толку важно името на новиот претседател на Владата, туку како таа ќе продолжи со новата политика, изјави денеска министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија (ЛДП), Горан Милевски гостувајќи на „Утрински Брифинг“.

Европската комисија се воздржува од коментар за најавата на премиерот Зоран Заев дека поднесува оставка, поради резултатите на локалните избори, јави дописничката на МИА од Брисел. МИА побара реакција за оставката на премиерот Заев, но од Европската комисија кусо прокоментираа дека земјата „треба да продолжи со реформите за ЕУ“, без повеќе детали.

Кога Зоран Заев ја презема власта во 2017, Македонија беше безбедносно-политички изолирана земја. Од 2020 година, Северна Македонија е членка на НАТО. Тоа е накусо сублиматот на владеењето на Заев кој го прави Франкфуртер алгемајне цајтунг, по најавената оставка на премиерот, пренесе Дојче веле. Случајот на Заев е школски пример за регионот. Веројатно премиерот на Северна Македонија во заминување ќе биде последниот премиер во регионот кој беше подготвен, за ткн. европска перспектива на неговата земја, да презема огромни политички ризици врз себе.

Американската амбасада известува дека македонскиот претседател Стево Пендаровски, имал кратка средба со американскиот претседател Џо Бајден, во Глазгов каде што се одржува 26-та конференција на ОН за климатски промени „COP 26“.

 

Стево Пендаровски со американскиот претседател Џо Бајден. Фото: американска амбасада во Скопје

На барањето на Наставничкиот пленум за зголемување на платите на сите вработени во образованието за 20 отсто од почетокот на идната година, Министертството за образование и наука одговори барањето да биде упатено до пратениците во Собранието  каде, како што наведува во соопштение, со месеци е заглавен предлог-законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Енергетска криза е на глобално ниво и постои, а ние сме свесни за нејзините димензии и сме подготвени да одговориме и работиме на тоа. Ќе реагираме не само со Буџетот во 2022 година, туку и со актуелниот Буџет за годинава зашто ефектите од енергетската криза веќе се чувствуваат во нашата економија. Не можам сега да кажам колку ќе биде тоа во однос на цените, а ниту сум надлежен за тоа, ниту, пак, Владата е, туку е регулаторното тело, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

ПАНДЕМИЈА

Луѓето со одредени гени и карактеристики на крвната слика речиси не се заразуваат со коронавирус, открија руски научници во посебна студија. Водач на студијата е директорот на Истражувачкиот институт за епидемиологија и микробиологија Пастер во Русија, Арег Тотолијан, кој е и член на Руската академија на науките.

Од Институтот за јавно здравје информираат дека во текот на мината недела вкупно се пријавени 38 реинфекции, зголемување од 5,6% во однос на претходната недела. Од почетокот на пандемијата до  31.октомври  вкупно се регистрирани 734 лица кои што по втор пат станале позитивни на ковид-19.

ЛАЖНИ ВЕСТИ

Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е категоричен дека не е можно вакцините да содржат живи паразитски агенси, пишува „Вистиномер“.

ПРАВДА

Државната комисија за спречување на корупција ги потсетува сите новоизбрани советници, градоначалници и функционери за одредбите од Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, како и дека при извршувањето на јавните овластувања и должности не смеат да се раководат од лични, семејни, партиски и етнички интереси.

АХА !

Клукајдрвците од социјалните мрежи што себеси се есапат за инфлуенсери, протестираат пред белата палата на вмровците. Како што јауива репортерот на АХА, пред седиштето на вмро се собрале десетици гревови – клукајдрвци платеници на вмровците, незадоволн од третманот и омаловажувањето од страна на Мицкоски кон нив, после победата на локалните избори.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бесими: Во 2022 со Буџетот капиталните инвестиции повисоки од дефицитот и историски на највисоко ниво

НАЈНОВО

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk