РИБАРО
Клукајдрвците од социјалните мрежи што себеси се есапат за инфлуенсери, протестираат пред белата палата на вмровците.
Како што јауива репортерот на АХА, пред седиштето на вмро се собрале десетици гревови – клукајдрвци платеници на вмровците, незадоволн од третманот и омаловажувањето од страна на Мицкоски кон нив, после победата на локалните избори.
– Не може тој сега да си игра со нас, а ваму ако не бевме ние да прајме шашми којзнае дали ќе ја имаше приликата да ликува. Ние одбраните од Иле Гебелс, си ги бараме нашите права и местото под сонцето и новата иднина за која крваво се изнакуцавме и изедовме лајна за сè и сешто, само да го вратиме вмрото од политичкото мртвило. Ние, клукајдрвците од Иле Гебелс, бараме благодарноста Мицко да ни ја уновчи прописно, а не празни флоскули од типот: ВИ БЛАГОДАРАМ НЕМА ДА ВЕ ИЗНЕВЕРАМ, да ни кажува.
– Јес да е вмрото силно во нас, но од БЛАГОДАРАМ не се живее, вели за АХА клукајдрвецот со ник @Дрмосер_ец.
– Башка и на бина сакаме да се качиме кога ќе биди дочекот на шефот од Будимпешта. Не само дудлачки орално, туку имаме и вокално надарени клукајдрвци меѓу нас. Башка не смееме да изгубиме образ пред фејсбук-твитер наша публиката, ќе не заебаваат ако не сме дел од настанот, истакнува @Дрмосер_ец.
– Нека им каже Гебелсчето од Велес, да си ја довршат работата како што беше договорена, за да не мора Каракамишева да ја праќам пак јавно да ги повикува да гракаат дури не поднесе Заев писмена оставка. Сега нека им даде по пеес-сто евра и нека се мавнат од пред капија, нека не галамат глупердите, викал Мицко од неговиот кабинет во белата вмровска палата.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK