ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бесими: Предлог-буџетот, Планот за забрзан економски раст и реформата за фискалната децентрализација во насока на локален и регионален развој

November 3, 2021 18:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Постигнувањето на локален и регионален развој е една од клучните цели на Владата. Во насока на остварување на оваа цел во функција се Планот за забрзан економски раст, реформата за унапредување на фискалната децентрализација и Предлог-Буџетот за 2022 во којшто капиталните инвестиции изнесуваат 14 проценти од вкупните расходи, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на настанот посветен на финасирањето на инфраструктурни инвестиции за одржлив локален развој и економско закрепнување што го организираше УНДП.

Бесими посочи дека Предлог-буџетот е развоен со што се создава амбиент на развој на целата држава, а во тој контекст и на општините. Со реформата за унапредување на фискалната децетрализација, пак, се доделуваат повеќе средства за општините.

–  Тоа се постигнува со зголемување на сегашните три проценти предвидени приходи за општините од данокот на личен доход на шест проценти и на стапката на дотација од ДДВ од 4,5 проценти на 6 проценти, коишто ќе се применуваат од 2024 година. До 2024 година предвидено е постепено зголемување на приходите од личниот данок на доход, така што процентот за 2022 година ќе изнесува 4 проценти, за  2023 година 5 проценти и ќе достигне 6 проценти во 2024 година, истакна Бесими.

Средствата од дополнителното зголемување на процентот на ДДВ за општините, како што појасни Бесими, ќе се распределуваат во два нови фонда – Фонд за перформанси (успешност) и Фонд за изеднaчување. Фондот за перформанси ќе ги награди општините што имаат подобра наплата на локалните приходи, додека Фондот за изедначување ќе делува во насока на намалување на разликите согласно фискалниот капацитет на општините.

Министерот посочи дека постигнувањето на локален и регионален развој се рефлектира и во Планот за забрзан економски раст.

– Во овие рамки ќе се формира и Фонд за локален и регионален развој чија намена е да ги поддржи локалните самоуправи и локалните и националните јавни претпријатија со цел проширување и развивање на локалната инфраструктура, обезбедување висококвалитетни локални јавни услуги и подобрување на локалното управување, потенцира Бесими. 

Капиталот за Фондот ќе биде обезбеден од средства на централниот буџет и ќе биде надополнет со средства од комерцијалните банки, официјални кредитори и донатори за да се обезбедат дополнителни финансии за локални и регионални инвестиции и развојни проекти.

извор: МИА
Next Post

Димитров од Белград: Регионалната соработка е апсолутно европска приказна

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk