Актуелниот претседател на опозицијата во минатото многу пати има изјавено дека не се согласува со промена на името, дури во неколку наврати во свои интервјуа има споделено дека тоа е накалемена придавка и никогаш тој лично не би ја користел.
Но, денес ставот на Мицкоски е многу променет, на што се должи тоа – дали на промената на времето, политичката клима или можеби поради тоа што виде фотеља (иако се уште му е многу далеку), лидерот полека, полека ги менува ставовите (кои што воопшто ги немал) и денеска на својата прес конференција соопшти дека Преспанскиот договор е реалност и дека ќе мора да се почитува.
Толку од “Никогаш северна”, полека таа замина во историјата – а со тоа се надевам и многу националистички карти на Мицкоски.
Дали оваа шах мат позиција ќе се исплати, останува да видиме, сега за сега после само еден ден, ги изневери своите гласачи.