ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Преглед на денот: Нема предвремени избори зошто државата е поважна, Северна Македонија е реалност вели Мицкоски

November 3, 2021 20:55
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Христијан Мицкоски не може да направи парламентарно мнозинство бидејќи има опасни планови за државата, велат од СДСМ.Сите советници од Аеродром ја потпишале свечената изјава со името „Република Македонија”. Ваквиот потег на советниците Милевски го оцени како политиканство.

ПОЛИТИКА И ЕКОНОМИЈА

Сите членки на владината коалиција на координативната средба кај премиерот Зоран Заев во понеделникот потврдија дека силно го поддржуваат сегашното парламентарно мнозинство и Влада и не се подготвени да поддржат друго, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Питер Ванхауте, белгискиот експерт кој беше посредник на ЕУ во постигнувањето на Пржинскиот договор оценува дека премиерот Зоран Заев избрзал со поднесување оставка на функцијата по неуспехот на локалните избори бидејќи претходно не се консултирал за тоа со коалициските партнери. Смета и дека исходот од изборите на едно ниво не треба да имаат влијание на друго ниво бидејќи локалната и централната власт се две јасно одвоени нивоа на управување.

Поранешниот потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз и актуелен генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, вели дека и покрај настојувањата на коалициските партнери, Зоран Заев тешко ќе ја преиспита одлуката да поднесе оставка на премиерската функција.

Уредбата за прогласување на кризна состојба при недостиг на електрична енергија што ја донесе Владата на 30 октомври годинава и која веќе е објавена во Службен весник е донесена со цел усогласување со одредбите на Законот за енергетика, порачуваат од Министерството за економија.

Уште еднаш се потврди дека најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни кон граѓаните. Денеска тие паднаа во вода, велат од СДСМ. Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. СДСМ и владината коалицијата освоија повеќе гласови за советници од опозицијата, парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори бидејќи државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски

СКАНДАЛИ

Независните советници во Општина Карпош од „Независни за Карпош“ побараа од новиот градоначалник Стевчо Јакимовски да ѝ се извини на јавноста и да се огради од недоличната атмосфера и текст од видеото од прославата кое се споделува по социјалните мрежи

ОПШТЕСТВО

Управата за водење на матични книги (УВМК) информира дека донела решение да не се бара изводите од Матичната книга на родени да не бидат постари од шест месеци. Ова беше изјавено откако Порталб.мк го објави истражувањето во кое граѓани се пожалиле, а од Управата потврдиле, дека од нив биле побарани изводи не постари од шест месеци. Со новата одлука, граѓаните кои сакаат да се венчаат, УВМК повеќе нема да ги обврзува да вадат нови изводи, туку службеникот ќе ги проверува податоците од изводите што граѓаните веќе ги имаат.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Социјалните мрежи се преплавени со коментари за последните изјави од функционери на ВМРО-ДПМНЕ,  во врска со нивниот контрадикторен став за Преспанскиот договор и уставното име на државата. Ранко Србакоски објави „сликовита анализа“

Андреј Жерновски ја коментира изјавата на Христијан Мицкоски кој истакна дека бара брзи предвремени парламентарни избори. Тој го прашува Мицкоски каде му е парламентарното мнозинство што го најавуваше и дали е сигурен дека ќе освои исто толку партиски гласови откако одма после локалните избори неговите градоначалници го прифатија уставното име Северна Македонија, како реалност.

 

ФРОНТ

И постизборните анализи на „нели ви реков“ експертите никогаш не ја содржеле критиката како основа за сугерирање кон владините политики. Напротив. Тие секогаш биле полни со антагонизам, нетрпеливост, омраза, и неприроден гнев, па цинизмот им блескаше како единствен меч со кој се појавуваат во јавноста како „луцидни“ експерти сечејќи магла… Ебати патриотите, пишува БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ.

Македонија нема да умре утре. Не сум сигурен, но мал е ризикот дека нема да погодам. Хахаха! Ако даде Господ, бидејќи сега се е во неговите раце, ќе ја истера и следната година… Македонија сè уште не е мртва, кога ќе умре не се знае, пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.

Имаше моменти кога лично јас, од позиција на поддржувач на прогресивните политики на владата, што впрочем и ја гласав, ваквата оставка ќе ја перципирав како чин на прифаќање на вина за неизбежните грешки. На истата веројатно ќе гледав како на достоинствен начин да се замине од позиција за која квалитетите со кои располага Зоран Заев не се соодветни со потребите што ги има општеството., пишува  ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

Тања Кармзова Костиглиола

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

July 12, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk