ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Од запрашување со авиони не расте бројот на ковид позитивни

November 3, 2021 10:37
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Конспиративните теории поврзани со „кемтрејлс“ се категорично отфрлени од научната заедница и истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење.  Сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори од огромна височина 5 или 10 илјади метри!, пишува „Вистиномер“ во анализа.

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека од небото над Скопје некој „запрашува” и затоа треба да се очекува дека ќе порасне бројот на ковид заболени во наредните денови.

Денеска Скопје и дел од Македонија повторно запрашувано од авиони. Очекувајте повторно зголемување на болни од ковид. Сликано денес околу 11 и 45, се наведува во постот.

Фотографиите во склоп на ова тврдење се направени од автомобил и се гледаат повеќе траги од авион на небото. Белата трага што ја оставаат авионите во воздухот се нарекува „контрејл“, односно патека од кондензација. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата.

Што се однесува до „кемтрејлс“ конспиративните теории, истите досега се повеќепати разоткриени од проверувачите на факти, меѓу кои, чешкиот сервис за проверка на факти, Manipulatori.cz., српскиот сервис Istinomer.rs , како и во повеќе рецензии на „Вистиномер“.

Ваквата теорија на заговор е категорично отфрлена од научната заедница.

Уште пред пет години (ноември 2016) група од 77 научници објави извештај откако ги прегледа наводните докази дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци. Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Бесмислени тврдења

Ковид-19 постои и е реален, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот, но не е поврзан со никакво запрашување од авиони како што се сугерира во постот што го рецензираме. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што беше изолиран и неговиот генетски материјал РНК. Тврдењето во постот дека после секое прскање од авиони се зголемува бројот на заразени од ковид-19 е бесмислено, затоа што вирусот се пренесува на растојание помало од два метра преку капките од носот и устата, преку зборување, кашлање, пеење. Не се прска ковид од авиони.

Понатаму, сосема е неверојатно намерно да се шири вирусот преку фрлање опасни раствори од огромна височина 5 или 10 илјади метри! На сите нам ни се познати препораките за заштита од вирусот кои велат да се практикува социјално дистанцирање од најмалку 2 метра. А, тука се пласира заговорничко сценарио дека  луѓето се „прскаат“ од авиони со вирус фрлен од 5 или 10 илјади метри!

Според истражувачите од Универзитетот Харвард од САД, кои проучувале вакви теории на заговор, не е најден „ниту еден веродостоен доказ дека „кемтрејлс“ постои“.

Исто така, во врска со оваа тема „Форбс“ објави студија, според која панел од 76 хемичари и научници од Универзитетот Ирвин, Калифорнија, изјавиле дека никогаш не дошле до докази оти постојат големи програми за хемиско прскање од авиони, со цел да се наштети на здравјето на граѓаните и со цел да се влијае на атмосферата.

Ковид-19 инфекцијата не се случува преку измислен вирус кој паѓа на земјата од натоварени авиони(!), туку со близок контакт со инфицирано лице. СЗО е децидна дека има социјални контексти, односно услови во коишто вирусот многу лесно се шири, како во затворени простори, со многу луѓе, кои не се соодветно проветрени, во ноќни клубови, канцеларии, ресторани, места каде што се пее.

Поради сите горенаведени информации, оценуваме дека не е вистина дека Скопје е ,,запрашувано” и дека поради тоа ќе расте бројот на ковид заболени. Бројот на ковид заболени се очекува да расте зашто луѓето ќе почнат сè поголем дел од времето да го поминуваат на затворено, а и зашто голем дел од граѓаните не се имунизирани со две дози, што им овозможува заштита од тешки форми на болеста. Ковид центрите во земјава се на готовс да се отворат повторно доколку дојде до наплив на хоспитализации, но тоа нема да биде поради запрашување со авиони, порачува „Вистиномер“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk