ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен: Шест нови пратеници во Собранието, има добри реформи во македонското судство, вели Спано, Сугарески поднесе оставка од партиските функции

November 5, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано вели дека во македоското судство има добри реформи. Нови шест пратеници во Собранието, откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници. Зачувувањето на парламентарното мнозинство е волја на сите коалициски партнери, вели Маричиќ. Сугарески поднесе оставка од партиските функции. Колумна на Сашо Орданоски: Каде оди овој брод? „СОР26“ –  укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина.

ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ПАНДЕМИЈА

Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата.

Горан Герасимовски ја презеде функцијата градоначалник на општина Центар. Вчера досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ му ја предаде канцеларијата со детални информации за проектите во тек.

Сугарески поднесе оставка од функцијата претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, во знак на морална одговорност за неуспехот на локалните избори, како на локално така и на централно ниво.

Еден од позитивните развојни текови кога станува збор за македонското судство е тоа што имаат добри реформи, посебно Врховниот суд и апелациските судови кога станува збор за прашањето за ограничување на максималното траење на постапките, рече претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано.

Министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши престојува во официјална посета на Северна Македонија.  

Приоритет ни е да се зачува парламентарното мнозинство бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и секако, да ја најдеме најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, бидејќи има расположение, има одлука да се продолжи, а да нема избори во овој момент, вели министерот за правда, Бојан Марчиќ.

Бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се во Скопје. Во Куманово има 424 активни случаи, во Битола 358, во Прилеп 336, во Велес 335, во Кавадарци 281, во Штип 236, во Кочани 198, во Охрид 191, во Тетово 170.

Колумна на Сашо Орданоски: Каде оди овој брод? После сите првични возбудувања и шокови од оставките на Зоран Заев, курсот на процесот за владината консолидација сѐ појасно се наѕира. Името на „пилотот во авионот“ ќе треба да се знае до средината на идната недела

РЕНДГЕН: Крпење

ЗЕЛЕНА, СЦЕНА, КУЛТУРА

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН „СОР26“, кој се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство.

Самитот „COP26“ се обидува да најде начин да се постигне целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриските нивоа. Ветувањето за укинување на јагленот не го поддржаа Австралија, Индија, САД и Кина, кои поседуваат повеќе од половина од сите термоелектрани во светот, а планираат да изградат повеќе.

Легендарната шведска поп-група „АББА“ денеска се враќа на музичката сцена со објавувањето на новиот албум „Voyage“, по речиси 40 години од првото распуштање на познатиот состав.

Со концерт на Националниот ансамбл „Танец“ и Влатко Стефановски вечер ќе биде отворено 22. издание на традиционалната манифестација „Есенски музички свечености“ 2021.

Вил Смит на 9 ноември ќе ги објави своите мемоари, а јавноста веќе неколкупати беше изненадена со делови кои досега се објавени. Меѓу другото, тој пишува и дека размислувал да го убие својот татко поради семејното насилство.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Работиме на тоа што помалку наши граѓани правдата да ја бараат во Стразбур

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп го проширува контроверзното распоредување на војници, на ред е Портланд

September 28, 2025

Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ, Србија

September 28, 2025

МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР демантира: Не се забошотува случајот за возење со 185 км/ч, напротив, возачот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk