ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Зачувувањето на парламентарното мнозинство волја на сите коалициски партнери, следната недела ќе излеземе со конкретен план

November 5, 2021 10:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Консултациите и состаноците и со коалициските партнери и на ниво на СДСМ се во тек. Денеска има серија на средби, очекуваме наредната недела веќе да излеземе со конкретен план затоа што е тоа важно и за граѓаните и за државата, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ во одговор на новинарско прашање околу оставката на претседателот на партијата Зоран Заев.

Во врска со најавите дека следната недела СДСМ планира да излезе со мандатар, но оти коалицискиот партнер ДУИ смета дека треба најпрво да се избере лидер на СДСМ, а потоа да се оди со мандатар и дали ова значи некакво нарушување во коалициските врски со партијата на Али Ахмти, Маричиќ потенцира дека приоритет е да се зачува парламентарното мнозинство и оти тоа е волја на сите коалициски партнери.

– Нас ни е приоритет да се зачува парламентарното мнозинство бидејќи тоа е и волја на сите коалициони партнери и секако, да ја најдеме најдобрата формула како да продолжи да функционира Владата во овој момент, бидејќи има расположение, има одлука да се продолжи, а да нема избори во овој момент, рече Марчиќ на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано и програмски директор за Западниот Балкан во AIRE Центарот Билјана Брајтвејт.

Во врска со тоа дали тој ќе биде следниот мандатар на Владата, актуелниот министер за правда ова го означи како шпекулација.

-Тоа е шпекулација, ниту сум разговарал, ниту некој ме прашал, ова освен да го означам како шпекулација ништо друго не можам да кажам, рече Маричиќ.

Како што информира досега имале неколку средби на повеќе нивоа, а денеска има сериозна серија на средби на кои се прави оценка и на одговорноста на централниот изборен штаб и на сите нивоа.

-Мислам дека после тоа кога ќе се договориме ќе има сигурно објава во смисла на тоа што понатаму, рече Маричиќ.

Во меѓувреме Горан Сугаревски објави дека поднесува оставка од функцијата претседател и член на Надзорниот одбор на СДСМ. Сугаревски денеска оваа своја одлука ја објави на Фејсбук нагласувајќи дека со тоа презема морална одговорност за неуспехот на локалните избори.

Маричиќ, пак, прашан да ја искоментира заканата на БЕСА околу парламентарното мнозинство, рече дека преку состаноци ќе ги разрешат сите дилеми.

– ДИК донела одлука и тоа не е само за Желино, не би требало тоа да има политички импликации, заклучи Маричиќ.

ДУИ, најголемиот коалициски партнер во Владата, поднесе два приговори за Желино, каде кандидатот на Беса, Блејрим Сејди со 5.171 гласови, односно со 69 гласа повеќе го победи кандидатот на ДУИ, Фатмир Изаири, кој доби 5.102 гласа. Прифатен е еден од приговорите, кој се однесува на избирачкото место 2.107, што пак подразбира прегласување на тоа избирачкот место.

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, кој е и актуелен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, додека ДИК решаваше по приговорите се огласи на Фејсбук за оваа ситуација.

-Желино, место во кое се роди една партија (движењето Беса), може да биде и Желино кое руши влада“, напиша Хоџа.

извор: МИА

Next Post

Нуредини и генераниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија на средба за перспективите на нуклеарната енергија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk