ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Со стара фотографија се шири дезинформација за сквернавење на споменикот на децата бегалци

November 5, 2021 16:47
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Постот што го рецензираме, а кој се повикува на Фејсбук објава на Тодор Петров, ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Доколку отидете на Фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако тој реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии дека контејнерите со ѓубре биле отстранети. Но, доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен, пишува Вистиномер.мк.

Пост на Фејсбук шири дезинформации дека се сквернавел споменикот за насилно прогонетите 28.000 деца на возраст од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија, кој е поставен на Кејот „13 Ноември“ покрај Вардар во близина на хотелот „Холидеј ин“. Според постот, до споменикот биле поставени контејнери со смет. Нашата проверка покажа дека станува збор за дезинформација.

Постот споделува и напис со наслов „СКВЕРНАВЕЊЕ ВО СКОПЈЕ: Контејнери со смет до споменикот за насилно прогонети 28.000 деца од 2 до 14 години од Егејскиот дел на Македонија“.

Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН (Сојузот МАКЕДОН) и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудуваат неодговорноста на градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општина Центар, кои поставиле контејнери за ѓубре пред Споменикот на насилно прогонетите деца од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, кој се наоѓа до хотелот “Холидеј Инн“ на Кејот на реката Вардар!. Ова се истакнува во реакцијата за сквернавењето на споменикот во Скопје, што ја објави претседателот на СМК, Тодор Петров на официјалниот профил на Фејсбук, се вели во написот.

Во текстот е објавена фејсбук реакцијата на Тодор Петров, претседател на СМК кој е придружен со фотографии од споменикот пред кој се гледаат поставени контејнери за смет.

Но, доколку отидете на фејсбук профилот на Петров, ќе видите дека еден ден откако Петров реагирал за контејнерите и „сквернавењето на споменикот“, потоа објавил фотографии со кои им посочува на своите следбеници на Фејсбук дека биле отстранети контејнерите со ѓубре.

Но, фотографијата со контејнерите и онаа без контејнерите, открива дека станува збор за дезинформација. Доколку ги погледнете убаво двете фотографии, ќе забележите дека плочникот пред споменикот не е ист. Односно, плочникот на фотографијата на која се гледаат контејнерите е оној од пред да се реновира Кејот, односно тој е бел. На фотографиите каде што контејнерите се тргнати од пред споменикот, плочникот е црвен. Невозможно е за еден ден да биде променет плочникот на Кејот.

Град Скопје, кога почна со реконструкција на Кејот (во април годинава), соопшти дека тој ќе добие сосема нов изглед и дека ќе добие нови плочки во нијанса на црвена боја.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот што го рецензираме ја дезинформира јавноста преку стара фотографија. Оттука постот го означуваме како невистинит.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство

НАЈНОВО

Марш за Палестина во Скопје: „Нема да молчиме пред геноцидот“

October 4, 2025

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

October 4, 2025

Марш за ангелите во Кочани: Родителите обвинуваат за прикривање и купена слобода

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски граѓанин најверојатно е загинатиот во експлозија во стан во Белград, објавија српски медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk