ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Фич“: Денарот останува стабилен, банкарскиот систем ја потврди отпорноста на пандемичниот шок

November 6, 2021 10:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денарот останува стабилен – фиксниот курс е клучно сидро на стабилноста на македонската економија. Девизните резерви достигнаа 3,7 милијарди евра во септември и со оглед на добрата надворешна позиција, очекуваме дека ќе бидат стабилни и во 2022 и 2023 година, одржувајќи соодветна покриеност. Надворешните ризици се дополнително ублажени со репо-линијата којашто Европската централна банка ѝ ја одобри на Народната банка. Ова, како што информира денеска Народната банка, се дел од констатациите на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, изнесени во извештајот со којшто се потврдува кредитниот рејтинг на земјата.

-Во извештајот е нагласено сведувањето на основната каматна стапка на историски најниското ниво и очекувањето на „Фич“ за олабавена монетарна политика на Народната банка и во следниот период, во отсуство на зголемување на стапката на инфлација во текот на следната година и во отсуство на натамошни притисоци врз домашниот девизен пазар. Притоа, од агенцијата за кредитен рејтинг истакнуваат и дека македонската економија има историја на ниска инфлација и на финансиска стабилност поддржана од кредибилните макроекономски и финансиски политики, што соодветствува на успешното одржување на стабилниот девизен курс на денарот. Во извештајот нагласуваат и дека, тековно, пристапот до надворешно финансирање е поволен, а странските инвестиции се отпорни, се вели во соопштението од Народната банка.

Во него се додава дека од „Фич“ оценуваат оти банкарскиот сектор ја задржа силната основа, и покрај пандемичниот шок и постепеното укинување на мерките на финансискиот сектор за „олеснување“ на финансискиот товар на домаќинствата и претпријатијата. Притоа, се наведува дека банкарскиот систем е соодветно капитализиран и профитабилен.

Според Народната банка, во извештајот е истакнато и тоа дека иако одложувањето на наплатата на кредитите беше речиси целосно завршено во првиот квартал од оваа година, тоа не доведе до позначително зголемување на нефункционалните кредити. Имено, велат од Народната банка, во однос на крајот на минатата година, стапката на нефункционални кредити се зголеми за само 0,1 процентен поен и на 30 јуни годинава изнесува 3,4 отсто, како што е изнесено од агенцијата за кредитен рејтинг. 

извор: МИА
Next Post

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Центар

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk