ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво почна со бркање од работа, германските социјалдемократи со порака до Заев да остане премиер и партнер на ЕУ

November 8, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваат а друго прават. Зоран Заев го стави своето политичко делување во служба на приближувањето кон ЕУ. Тоа не беше соодветно наградено од сите. Затоа тие не можат да се ослободат од одговорност. Притоа, во иднина ќе биде многу потешко да се постигне решение со преговори, изјави Шмит. Премиерот Заев се огласи на социјалните мрежи. Трик од Тик-Ток помогнал за откривање на киднапирање.

ПОЛИТИКА

„Овие денови сведочиме загрозување на Договорот од Преспа, на Договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите. Но, има оваа држава свој народ, и граѓани, и демократи, и борци, и политичари и партии кои нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново“, стои во објавата.

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд за Алсат-М изјави дека тој се залага за рушење на оваа власт, но не по цена да стави потпис на список на кој е се потпишани и пратениците од Левица. „Кога ја составувавме листата, Левица не беше дел од неа. Не прифаќам мојот потпис да е дел од списокот заедно со потписот на лидерот на Левица“, рече Скендер Реџепи-Зејд.

„И покрај направените компромиси, во прв ред промената на името на земјата, тој не успеа, не по негова вина, да направи значителен напредок кон процесот на проширување на ЕУ. Јас лично посакувам Зоран уште еднаш да размисли за својата одлука, и барем да остане на функцијата премиер и партнер“ истакна надворешнополитичкиот гласноговорник на пратеничката група на германските социјалдемократи Нилс Шмит.

Уште во првите денови од мандатот, градоначалниците на Мицкоски го покажаа своето вистинско режимско лице, велат од СДСМ во соопштение за јавноста. Се бркаат луѓе од работа во Јегуновце, прекинати се договори за работа на лица ангажирани и во други општини. Наместо да се чистат, се трупаат дивите депонии во општините Ѓорче Петров и Бутел. Не се почитува Уставот, наместо интересот на граѓаните се тера политиканство во Штип, Кисела Вода, Аеродром.

Покрај заканувачките и навредливи објави коишто неретко ги објавуваше пратеникот и еден од членовите на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, на Твитер исплива и еден упатен до Арбен Таравари од АА. Станува збор за објава на Фејсбук од 2020 година и во неа се вели: Кај е сега фашистот Таравари да брои етничка припадност на заразените ко на Златна Бубамара? На ова прашање на Твитер, Сплинтер @sinisa_goliOtok, му одговори, еве го Таравари брат, до тебе !

Мицкоски ги собра градоначалниците од неговата партија и им кажал уште во првиот месец од нивното работење, секој од нив да почнел со реализација на 3 капитални проекти?! Без запазување на наведените постапки и чекори, секое отпочнување на градежни или било какви други активности, претставува кривично дело. Човекот кој има амбиции да ја предводи Владата, не можел да им даде полош совет на градоначалниците!

За поздравување е вчерашната реакција на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој ја осуди изјавата на Шкодране Дардишта, која се закануваше со војна, изјави денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Оградувањето на Али Ахмети е за секој поздрав, истакна Ангелов, прашан за коментар, во врска со статусот што го објави на „Фејсбук“, Дардишта, која е членка на Одборот на директори на „Македонски телеком“.

ПАНДЕМИЈА

Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција поребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација,  меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ.

СВЕТ

Киднапирана тинејџерка од американската држава Северна Каролина била спасена откако возач го препознал знакот со рака што го давала од возилото во кое ја возел киднаперот. Девојката (16) знакот го научила на ТикТок, а тој всушност служи за сигнализирање семејно насилство. Знакот се дава така што дланката се исправува и се насочува кон лицето или лицата на коишто сакаме да им сигнализираме, при што палецот е свиткан, а потоа другите прсти се свиткуваат надолу и го покриваат палецот.

Со гласање на социјалната мрежа, корисниците на Твитер му порачаа на бизнисменот Илон Маск да продаде 10 отсто од акциите на Tesla за да плати данок. Во анкетата, која на Твитер ја објави самиот Маск, учествуваа повеќе од 3,5 милиони корисници на Твитер, а 58 отсто од нив гласаа за. Ако го слушне гласот на Твитер, Маск би можел да продаде акции во вредност од речиси 21 милијарда долари (околу 18 милијарди евра). Маск вети дека ќе постапи во согласност со резултатите од анкетата.

СПОРТ

Кривопаланчанката Мери Акиевска од Магнус фитнес центар, Скопје се искачи на Светскиот пиедестал во категорија Велнес фитнес освојувајќи златни медали во јуниорска и сениорска конкуренција како и две апсолутни титули во двете конкуренции, на 75-то Светското фитнес и бодибилдинг првенство за мажи и жени во Шпанија што се одржа од трети до осми ноември.

 

1 of 3
- +

КУЛТУРА

Скулптури од сапун со лаванда и друга диворастечка флора. Целта на овој проект е спој на природните ресурси и уметниците. Проектот Скулптури од сапун со лаванда и друга диворастечка флора е иницијатива на визуелната уметница Симона Манчева во соработка со Ристо Јосифовски – Ромбо, Игор Јосифов, Ружица Јосифовска, Томи Соколов,Трајче Јованов, Ања Илиева, Никола Михов, Петар Петков и Дарко Алексовски.

М. М.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

July 11, 2025

(ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

July 11, 2025

Филипче: Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, од Мицкоски нема ни збор осуда

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски со дилема за инцидентот со Арсовска: Се поставува прашање, да не случајно жртвата во овој случај којашто се прикажува во јавноста, е токму оној што предизвикал физички напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk