ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји

November 8, 2021 13:42
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со воведување на новите мерки од саботата, за влез речиси секаде во Грција поребен е документ за Ковид-19 што се скенира преку специјална апликација,  меѓутоа државјаните на трети земји, кои иако имаат валиден сертификат не можат да влезат затоа што грчката апликација за проверка не ги препознава овие сертификати, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, во текот на викендот со овој проблем се соочија туристи како од Северна Македонија, така и од Србија, Сингапур, САД и други земји што не се членки на ЕУ.

Сепак, ова не значи дека сертификатите не се валидни или не се признати или прифатени во Грција, туку едноставно проверката треба да се врши рачно, а не преку апликацијата.

Кон крајот на јули, Министерството за туризам на Грција излезе со појаснување за конкретното прашање, дека апликацијата „Covid Free GR” што во земјата се користи за скенирање на сертификатите и потврдите се однесува само на грчки граѓани и на државјани на земјите членки на ЕУ, односно на оние кои имаат европски сертификат.

За конкретното прашање, дописничката на МИА од Атина, денеска побара одговор од портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, кој објасни дека независно од тоа што апликацијата не ги препознава,  сертификатите се валидни и со нив се овозможува влез онаму каде што е неопходен сертификатот.

-Сертификатот, доколку не го препозне апликацијата, неговата валидност се признава преку самиот документ на хартија, преку неговото постоење. Па така посетителите на земјата што се вакцинирани и имаат сертификат за вакцинација, самото покажување на сертификатот е признато и е валидно, исто како што важеше и во претходниот период и ќе им овозможува влез во простори во кои е неопходен сертификат за вакцинација,  независно од тоа дали апликацијата, очигледно од технички причини, не го препознава, рече Иконому на денешниот брифинг со новинарите.

За влез во речиси сите затворени простори во Грција, како што се молови, продавниците, но и оворените и заворените делови на кафулињата, рестораните, таверните и сл, од саботата, задолжителен е документ за Ковид-19, чија проверка при влезот се врши заедно со документ за лична идентификација.

Исклучок се супермаркетите и продавниците за храна, бензинските пумпи, аптеките и црквите.

Next Post

Шилегов: Неделава ќе се одржи седница на ИО на СДСМ на која многу работи ќе бидат решени

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk