ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Нема омлет без кршење јајца

Никој од иницијаторите за рушење на Владата јасно не кажува што мисли да прави „денот потоа“. Напротив, ако какофонијата околу создавањето на мнозинството за рушење на власта е донекаде и разбирлива, тогаш конфузијата во којашто тукушто – со претпоставка дека Владата е веќе падната – влегуваме, е тотална!

November 11, 2021 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Ајде, ова утро, да ги „прескокнеме“ сите правни и политички контроверзи (стара иницијатива, нова иницијатива, најнова иницијатива… па што ќе каже Џафери за тоа итн. и на тоа сл.) во кои е заглавена опозицијата со обидот да ја сруши сегашната Влада и да тргнеме обратно: да замислиме дека вчера ВЕЌЕ е изгласана недоверба на Кабинетот на Заев (ура-ура, бац-бац, победивме, фиторен, браво, браво, живели, гзуар!) и дека денеска сме се пробудиле со ново владино мнозинствоооо…

И, што сега?

Никој од иницијаторите за рушење на Владата јасно не кажува што мисли да прави „денот потоа“. Напротив, ако какофонијата околу создавањето на мнозинството за рушење на власта е донекаде и разбирлива, тогаш конфузијата во којашто тукушто – со претпоставка дека Владата е веќе падната – влегуваме, е тотална!

Судејќи според расположливите „сценарија“, најверојатната опција за формирање нова влада би била таа да е малцинска, поддржана од Левица во Собранието, но без нејзино учество во самата извршна власт. Да не арчиме простор со објаснувања, тоа на сите така би им одговарало. Само што, и експлицитно и имплицитно, обединетиот владејачки квартет Мицкоски/Села/Гаши/Касами му се ставаат „на тацна“ на новиот „кингмејкер“ Апасиев! Тој „локум“ – замешан со бибер и чили, а не со ореви и ф’стаци – ќе треба да си го послужат со секое наредно утринско кафе, откако ќе му се јават на Апасиев да проверат како е дента со јуначкото здравје.

Додуша, може и некој друг од таа коалиција да се определи да не влегува во извршната власт и да си ја задржи „комоцијата“ од безбедна дистанца да ја поддржува уште помалцинската влада на Мицкоски (или неговиот премиерски намесник, сеедно). Сѐ си бидува.

Бидејќи освен за секојдневни општи зафрканции, таквата влада би немала друг позначаен политички капацитет, реално е да се очекува што побргу таквото победничко мнозинство да се заложи за распуштање на „своето“ Собрание и за закажување нови, вонредни избори.

Но, токму тоа „што побрзо“ не им одговара на сите баби и жаби во вака замисленава влада… За одење на парламентарни избори повеќе баби ќе бараат од жабите да фатат малку подобар „владејачки залет“, за прво малку да апсат и да се сликаат, да растураат постоечка партиска клиентела, да создаваат своја, малку и да си ги наплатат трошоците по сите основи, да спроведат нешто од големите предизборни ветувања или макар да ги „поклопат“ со уште поголеми… Тоа тешко ќе им појде од рака за десетина-петнаесет недели колку што би им требале за да влезат на „лентата“ на брзите изборни рокови.

Што значи, се враќаме на точка број еден: ќе треба да владеат.

Што значи, се враќаме на точка број два: како?

Па, тешко, но не и неизводливо. Значи, ќе треба асли мандатар – Мицкоски, де – а не некој манекен/ка што само привремено ќе пополнува „време и простор“… Тој ќе треба да си даде издржано експозе за главните политички правци во државата – кризи-мизи, министерски мандати, свој буџет, односи со соседите и „математички прецизен“ став во однос на Преспански и Бугарија итн. Оти, не станува веќе збор за опозициско, демократско дрдорење за „крајот на светот“ пред да се сруши власта (Антонио Милошоски, експерт за темата, дури повика и на „мирна транзиција на власта“, оти сведочевме што се случи кога Груевски и тој си заминуваа од функциите!); сега светот ќе треба јасно да се спасува, а „правото“ за опозициско, демократско дрдорење ќе се пресели на страната на новата опозиција.

Со други зборови, ако се вратиме во реалноста, во која сѐ уште оперираме со постоечката Влада, единствено што со сигурност го знаеме се резултатите од локалните избори. И фактот дека опозицијата суштински се заплетка во сопствената иницијатива да ја руши власта. И дека Заев „ги одложи“ оставките.

Сѐ друго е „шведска маса“ за политички појадок. Нема омлет без кршење јајца. Да видиме чии.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

ЕК ќе ги објави есенските економски предвидувања за Северна Македонија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk