ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судот одлучи: Има клевета во случајот Заев против Николовски, тој ќе мора јавно да објави дека клеветел

November 11, 2021 16:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанскиот суд – Скопје денеска делумно го усвои тужбеното барање за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Судијаката Сузана Димитриев, при читање на пресудата истакна дека се утврдува граѓанска одговорност на тужениот Александар Николовски од Охрид за клевета, затоа што на ден 20 август 2019 година во изјава дадена за ТВ Алфа во видео со наслов случај „Рекет – каде завршија милионите од Луј Витон чантата“, има изнесено невистинити факти штетни за честа и угледот на тужителот.

Николоски во изјавата тврди дека „вкупната сума на побарани, изрекетирани средства надминува 20 милиони евра“. – Досега ова никој не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен. Рекетирани се многу бизнисмени побарани се многу пари тоа е операција која што не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро смислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатаму управувано низ целата држава. Затоа е потребан кривична, но и политичка одговорност, гласи изјавата на Николовски.

– Тужбеното барања на тужителот Зоран Заев од Скопје, да се заложи тужениот Александар Николоски да му исплати на тужителот на име надомест на нематеријална штета износ од 60.000 денари за нарушен чест и углед со законска казнена камата според НБ на РСМ која важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемено за осум проценти поени, а сметано од пресудувањето до конечната исплата во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, се одбива како неосновано, рече судијката Димитриев.

Воедно, во пресудата се вели дека се задолжува тужениот Александар Николоски од Охрид ја објави изреката на пресудата на негов трошок „на простор не помал од една осмина од страница од првата до петтата страна од печатено средство за јавно информирање – дневен весник во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување“.

Странките против ова пресудата имаат право на жалба.

извор: МИА

Next Post

Денес се регистрирани 432 нови позитивни случаи

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk