„Постои задоволство бидејќи овој проблем, кој навистина беше проблем, почна да се решава. Навистина вие го сменивте уставот, го сменивте името и истото се случува во Грција. Ние го направивме овој договор, кој многумина во Грција не го сакаат, но тој е факт. Тоа е договор, кој владата, посебно таа на Нова Демократија која е на власт, истиот го почитува. Значи работите се многу подобри отколку што беа и луѓето се повеќе среќни што се реши овој проблем“ – изјави поранешниот градоначалник на Солун во интервју за ТВ Сител.
Според Бутарис, односите меѓу Грција и Северна Македонија нема да се влошат, бидејќи прво – Грција е проевропска за владата во Скопје.
„Ние го почитуваме овој договор од Преспа. Тоа е факт. Работата е во тоа што ако во Скопје дојде националистичка влада, нештата ќе се влошат. Но, не заборавајте дека Европа малку се двоумеше да даде временска рамка за Северна Македонија да влезе во ЕУ. Но, Северна Македонија е членка на НАТО. Грција веќе патролира на небото над Скопје, што е дел од договорот. И навистина важни работи веќе се завршени. Името ФИРОМ повеќе не постои. Никој повеќе не го користи името ФИРОМ“ – сигурен е Бутарис.
Тој се осврна на фактот дека повеќе од милион граѓани на Северна Македонија доаѓаат во Грција секоја година. Еден милион преминувања на границата, за една земја од два милиони жители, значи дека тие доаѓаат два до три пати годишно. Тоа покажува колку се блиски луѓето од двете земји.