ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бајден и Харис на турнеја во северните сојузни држави на САД

November 16, 2021 22:10
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата потпретседателка Камала Харис неделава со на турнеја во некои северни сојузни држави на САД. Целта на патувањето е да се демонстрира успешноста на нивната национална политика. 

Бајден денеска е во посета на Њу Хемпшир, клучна сојузна држава во предизборната кампања за гласањето во Конгресот, закажано за ноември 2022 година.  

Бајден и Демократската партија типуваат на тоа дека успесите со донесување бипартиски решенија и инвестиции во инфраструктурата, како и создавање нови работни места, привлекува симпатии кај избирачите.

Притоа, Републиканската партија, која е во опозиција, останува поделена околу улогата на екс-претсетседателот Доналд Трамп во нападот на Капитолот од страна на негови поддржувачи на 6 јануари, и неопходноста да се соработува со Бајден. Републиканците овој месец победија на клучни гувернерски избори, а главните пароли беа зголемената инфлација и даноци во време на претседателството на Бајден. 

Актуалните анкети укажуваат дека рејтингот на Бајден е се уште мал или се намалува. 

Њу Хемпшир ќе биде полето за битка за две места во Претставничкиот дом и едно во Сенатот.

Во среда, Бајден заминува за Детроит, Мичиген, каде ќе се обрати до американските автопроизводители за новите инвестиции во развојот на електрични автомобили, а во петок, потпретседателката Камала Харис ќе настапи во Колумбус, Охајо. 

За време на оваа турнеја демократите се надеваат да укажат и демонстрираат на избирачите од клучните сојузни држави од северниот дел на САД дека ги исполниле своите ветувања 

-Се надеваме дека тоа ќе биде со ефект, изјави синоќа портпаролката Џен Псаки на брифинг. 

Конгресните избори се секогаш тешка задача за партијата на власт. Изборите се точно за една година, но за демократите лошите резултати почнаа уште овој месец. Тие изгубија на гувернерските избори во Вирџинија и во Њу Џерси. 

Во Њу Хемпшир, една анкета укажува дека 65 отсто од населението смета дека земјата оди во погрешен правец.  

Бајден со својата посета сака да го промени таквото мислење. 

извор: МИА

Next Post
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Бесими: Бегањето од одговорност не е мој стил

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk