ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќорсокакот наречен Македонија

November 16, 2021 10:05
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Политичките партии требаа да бидат гаранција на демократијата, на разноликоста, на напредокот, на борбата со било кој облик на едноумие и концентрација на моќта. Тие требаа да бидат начин на кој луѓето ги артикулираат потребите и интересите и се собираат околу заеднички вредности кои се обидуваат да ги поддржат и практикуваат.

Нивото на демократијата во една држава (на овој степен од развојот на државноста) дефинитивно зависи од тоа што и како прават политичките партии, за што се залагаат и како се однесуваат.

Развојот на демократската држава е невозможен без постоењето на политичките партии, меѓутоа не секоја политичка партија има демократски капацитет потребен за исполнување на оваа улога.

Прво, политичката партија треба да има јасен збир од вредности врз основа на кои ја гради својата програма, методите на работа и исцртува границите на сопственото делување. Тоа ја прави препознатлива, различна од другите и дава идеја за тоа што би правела доколку дојде на власт и на кој начин би делувала. Валидноста на вака воспоставениот вредносен систем се определува врз основа на делувањето на политичката партија кога ќе дојде на власт, односно, политичката партија застапува и практикува ист вредносен систем и методи на делување кога е во опозиција и кога е на власт.

Второ, во едно демократско општество меѓу политичките партии мора да има консензус за одреден број базични прашања поврзани со развојот на државата кој овозможува континуирано движење во ист правец, постојано надоградување и видлив напредок во условите за живеење на граѓаните. Тоа се вообичаено области кои бараат подолгорочно планирање и делување, кои бараат значајни континуирани буџетски издвојувања  и кои го трасираат развојниот процес (на пример прашања поврзани со образованието, здравствената заштита, развојот на енергетскиот систем на државата, политичките и економските поврзувања).

Трето, државата не може и не смее да се поистовети со политичката партија. Државата е многу повеќе и многу похетерогена од политичката партија. Политичката партија не е државата и управувањето на државата не се исцрпува и не се сведува единствено на партиското делување, на партиските кадри и партиските капацитети. Политичката партија која е дел од власта организира, насочува и балансира, меѓутоа секогаш се обидува да го искористи целокупниот капаците кој го нуди државата во корист на многу различни структури на населението.

Во Македонија ниту една политичка партија не исполнува ниту еден од наведените параметри.

Во врска со првото, ниту една од политичките партии не покажа дека има вистински заокружен и осмислен вредносен систем кој не се менува со доаѓање на власт. Вредносните системи на различните политички партии се амалгамираат во моментот кога ќе дојдат на власт или пак уште во обидите да се освои власта. Политичките партии (независно од  декларираниот вредносен систем), употребуваат истоветни средства, алатки и политики кога ќе дојдат на власт. Соодветно, тие можат меѓусебно да се обвинуваат за исти грешки, пропусти, злоупотреби кога се наоѓаат во опозиција.

На пример, партијата која е во опозиција (која и да е) секогаш обвинува дека се донесуваат закони по скратена постапка, а партијата која е на власт (која и да е) го брани ваквото донесување закони. Или, партијата која е во опозиција секогаш обвинува за вработувања во државната администрација, непотизам и непрофесионалност, а партијата која е на власт секогаш го одрекува тоа, а сепак го прави. Или, партијата која е во опозиција секогаш обвинува за партизација на судството, а партијата која е на власт, секогаш го порекнува тоа и го прави.

При ова, ниту една од партиите кои се на власт (која и да е партија) не гради систем од процедури, критериуми и правила кои недвосмислено ќе покажат таков вид на делување кое може да се спротивстави на обвинувањата (кои впрочем до сега секогаш се легитимни и многу издржани).

Во врска со второто, меѓу политичките партии во Македонија има косензус за строго определени прашања кои не се поврзани со развојот на државата и создавањето подобар живот за граѓаните, туку со нивното сопствено опстојување и партиските или лични бенефиции.

На пример, во ниту еден момент партиите не се ни обидоа да изградат консензус во врска со системот на образование. Секоја партиска гарнитура изработува своја стратегија, поддржува свои директори и наставници и има своја замисла за тоа што би требало да биде продукт на образованието. Единствениот (премолчен) консензус меѓу партиите се ниските буџетски издвојувања за образованието.

Или, во ниту еден момент не е направен обид за постигнување консензус околу начинот на кој ќе се одвиваат демократските избори и за најдобриот модел кој на најсигурен начин ќе ги одрази интересите и барањата на граѓаните. Меѓутоа, постигнат е консензус за доделување државни пари (пари на граѓаните) на политичките партии и неказнивост на политичките партии за прекршувањата на законите поврзани со нивното финансирање.

Во врска со третото, сите политички партии во Македонија во моментот на освојување на власта се однесуваат како луѓе кои освоиле непријателска територија. Тоа значи дека треба да се постават свои лојални кадри на секое раководно место (независно од нивните капацитети, знаење и искуство), да се ограби што е можно повеќе во краткото време кое стои на располагање, да се постават правила кои ги штитат тие кои се во моментот на власт и да се негира било кој облик на континуитет кој во себе го опфаќа целокупниот капацитет на државата.

Во овие услови, изборите станаа посебна трговска гранка која им овозможува постојана прераспределба на освоената територија, легализирано крадење на парите на граѓаните и избегнување на било каква фактичка одговорност, под закрилата на политичката одговорност која се ефектуира на избори.

 


Преземено од ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk