ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика

November 17, 2021 13:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека АД ЕСМ не го прекрши Законот за енергетика со тоа што не достави понуда на првиот повик на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на потребните количини на електрична енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи за првите шест месеци од наредната година.

Во Законот, како што вели, не пишува дека треба да има понуда на првиот повик.

-Во Законот пишува дека најголемиот производител треба да понуди на универзалниот снабдувач, а може да има и втор и трет повик. Дополнителни барања од страна на ЕВН Хоум ќе има и ние имаме право до крајот на годината преку ЕСМ со одлука на Владата да го задолжиме ЕСМ да понуди 60-70-80, 90 или, пак, 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач. Цената ја одредува Владата, а не ЕСМ. Ја очекуваме анализата на ЕСМ и во момент кога ќе се достави до Владата, Владата ја одредува цената со која ЕСМ ќе влезе во тендерот на ЕВН Хоум. Тие веќе  прават калкулации за наредните шест месеци и во моментот кога ќе стигне предлог од страна на ЕСМ ние како Влада ќе ја утврдиме цената која ќе биде за домаќинствата и за малите потрошувачи за наредните шест месеци, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата. Како што додаде, сигурно е дека ќе има уште тендери од страна на ЕВН Хоум до крајот на годината пред формирање на цената на електричната енергија за тарифните потрошувачи од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

Порача дека е добредојдена ако во моментов има компанија на ниво на Европа или во светот што може да понуди помала цена од 36,1 евро за мегават час.

-Ако може странска компанија да понуди помала цена од страна на ЕСМ за потребите на домаќинствата тоа секако дека ќе се очекува многу добро од наша страна, но тоа сега во моментов не може да се случи имајќи во предвид дека моменталната цена со која испорачува ЕСМ до ЕВН Хоум електрична енергија е 36,1 евро, а цените на светските берзи се многу повисоки, рече Бектеши.

Посочи дека Комисијата во која има членови од сите енергетски компании и од различни институции и на локално и на државно ниво работи секојдневно и нема предложено дополнителни мерки за излез од енергетската криза.

-Стоиме на мерката во делот на трансфер на средства за енергетските компании. Најверојатно сите средства ќе бидат префрлени до ЕСМ бидејќи ЕСМ има обврски кои треба да ги плати спрема МЕПСО, а дел од тие средства се токму и за таа намена, прецизира Бектеши./МИА/.

Next Post

Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk