Британската пејачка Адел несомнено освоја бројни воздишки околу нејзиниот нов, подобрен изглед. Килограмите се симнаа, но кризата и несигурноста после разводот станале неподносливи. Пред само неколку дена јавноста беше воодушевена од интервјуто кое што Адел го имаше со Опра Винфри, каде што сподели доста информации околу нејзиниот приватен живот.
– Моето тело е мета на критики во текот на целата моја кариера. Дали сум премногу дебела, или премногу слаба, или дали сум згодна или не сум… Но јас никогаш не сум го гледала некого поинаку само поради неговото тело. Ширев позитивност околу телото и кога бев подебела, ширам и сега. Не е моја работа да докажувам како луѓето се чувствуваат во врска со нивното тело. Сега имам работа да си го сменам мојот живот, истакна Адел.
– Имав многу големи напади на анксиозност откако го завршив бракот, кои ме парализираа комплетно. Немав контрола врз тежината, но му верував на мојот тренер и го чувстував и ценев неговото присуство кога најмногу ми требаше. Почнав да имам планови, дури и кога немав планови, кажа Адел.
Меѓу другите работи кои што ги зборуваа, Адел се осврна и на тоа дека е многу тешко да се балансира помеѓу тоа да си самохран родител, бизнисот и сопственото тело и потреби.