ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Пратениците од првиот мандат на плуралното Собрание имаат особен придонес во градењето на парламентарната демократија

November 17, 2021 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во временската линија на развојот на нашата државност, денешниот ден, 17 ноември, е запишан како ден кога во 1991 година, во Собранието на Социјалистичка Република Македонија беше усвоен Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереноста и самостојноста на 8 септември, откако претходно беше усвоен нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на државата, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Историјата уште запиша дека пратениците од првиот мандат на плуралното Собрание од 1991 до 1994 година го дадоа својот исклучителен придонес во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, и во креирањето и донесувањето на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава.

Во мандатот на пратениците од првиот пратенички состав беше распишан референдумот за независност, беше усвоен првиот устав на независна Република Македонија и беа утврдени државната химна и знаме како темелни обележја на независната и суверена македонска држава.

Во трите декади што следеа по овој историски настан, Уставот на Република Северна Македонија, беше дополнет со амандмани уште во осум наврати за да бидат вградени сите неопходни и институционални и идентитетски атрибути на една самостојна и суверена држава според стандардите на домашното и меѓународното право.

Во годината кога одбележуваме 30 години независна држава, Република Северна Македонија, како рамноправен партнер во најмоќниот безбедносен и политички сојуз – НАТО, ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги прифати и ги промовира европските вредности како резултат на слободно изразената волја на народот и низ политичките институции“, пишува во објавата на Премиерот.

Next Post

Бектеши: 2022-ра ќе биде година на економско заздравување и забрзување на растот преку инвестиции

EVN

НАЈНОВО

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња „аптамил АР 2“, потрошувачите што ја купиле да не ја користат или да ја вратат

January 27, 2026

Орце Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе стане жива културна сцена на градот

January 27, 2026

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk