ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирани нови 70 армиски подофицери, Шекеринска најави ново вооружување, од 2024 година и набавка на хеликоптери

November 19, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија, кои во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во кампот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“. Претходно, во два наврата беа промовирани 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи.

Бидете горди на својата Армија и на својата држава, како што и тие се горди на Вас, им порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

–  Не заборавјте кои биле желбите и предизвиците со кои сте се соочувале како војници и искористете ги да бидете подобри лидери и подофицери. Вие и Армијата сте навистина доказ дека работата носи резултати, им честита Шекеринска.

На тројцата најдобро рангирани Сашко Иванов прворангиран, кој доби и монета, второрангираниот Александар Николовски и Влатко Николовски треторангиран, им беа доделени сертификати.

Иванов во обраќањето нагласи дека пред 90 дена сплотени и еднакви го започнале основниот курс за подофицери и речиси не се познавале, но успеале да изградат тим со кој нашата армија може да се гордее.

–  Нашата мисија не завршува тука, продолжуваме подготвени во новите предизвици што ни претстојат во понатамошната работа. Од денеска Армијата е  побогата за 70 подофицери, високо обучени според највисоките НАТО стандарди, рече меѓу другиот прворангираниот подофицер Иванов.

Министерката Шекеринска, која присуствуваше на промоцијата во обраќањето честитајќи им на новите подофицери истакна дека поминатата тримесечна обука, првенствено ги научи да бидат лидери. Таа очекува и се надева да бидат дел од еден голем тим, како што рече, што ќе биде рбетот на оваа Армија.

–  Сега имате сосема поинаква функција. Ќе треба да формирате тимови, да ги градите, да ги јакните, да ги охрабрувате и да ги правите подобри војници. Од денеска ваша е одговорноста професионалните војници, дел од нив и ваши довчерашни колеги и пријатели, да бидат мотивирани и фокусирани да ги вршат задачите, им порача Шекеринска.

Mинистерката за одбрана се осврна на посетата во вторникот на командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, кој споменал еден факт, подвлече, а по повод потпишувањето на заедничката декларација за целосна воена интеграција во НАТО, изјавил дека Северна Македонија го заврши процесот на целосна воена интеграција во НАТО во рекордно краток период, најбрз период што досега се случил во Алијансата. Во таа насока, Шекеринска информира дека на Црна Гора и требале 26 месеци за да го заврши процесот, на Хрватска 43 месеци, на Албанија 55 месеци од моментот на членство во Алијансата. Ние, потенцира Шекеринска, успеавме да го завршиме целиот тој процес како 30 членка на НАТО, во рекорден период од 19 месеци.

На денешната промоција на нови подофицери на Армијата, Шекеринска најави дека од идната година ќе бидат добиени и нови оклопни транспортери, артилерците ќе добијат ново артилериско вооружување, припадниците на противвоздушната одбрана ново ПВО оружје. За летачите од воздухопловниот винг, информриа Шекеринска, од 2024 година натаму ќе се започне нова набавка на хеликоптери. /МИА/.

 

Next Post

Заев: Просечната плата континуирано расте

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk