-Можното идно коалицирање ќе биде врз основа на програмски принципи, што е позитивно, рече Заев во денешната изјава после средбата со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Заев истакна дека одлуките се носат во органи и тела на партијата.
Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме. Одлуката не ја донесовмe денеска. СДСМ се подготвени за решенијата, што ќе бидат договорени. Ќе продолжат разговорите следната седмица, рече Заев.
Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека стои на јавната објава за поднесените оставки од премиерското и лидерското место во СДСМ и тие ќе бидат и практично доставени до институциите веднаш штом на некој начин ќе биде осигурано парламентарното мнозинство.
J. Ѓ.